трие (несв.)

И зошто ја жали вдовицата минувач тажен, солзите свои ги трие?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Надојдоа жени; од подот го кренаа тие нејното немоќно тело, и почна со студена водица некој да трие Недино високо чело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се туркаат како овци в трло, се тријат од тебе како говеда од плот... извалкани, ќирливи, смрдливи...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Стариот не ме забележува; тој непрекинато пуши и го трие коленото со голема дланка замислено нишајќи го горниот дел од телото.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дома невестата Митра ги умирува децата, постила, го трие гравот и пи чека мажите да се приберат за вечера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Не сакам отпростум да ти го тријам носот со сол.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Од големиот стог се стркала сонцето на пат и уплашено од кучињата се разбега низ тесните сокаци криејќи се зад малите прозорци на куќите Триејќи ги очите селаните ги врзуваат немирните кучиња за плот И свирејќи, со косите на рамо се разлеваат со сонцето по ливадите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И сирото тркачко грло со куп ребра и една бела душа - си попаднало во нестарателски раце. „Твојата соба е поголема“ , шепнаа. „А утре ќе дојдеме и ќе го однесеме.“ „Кого?“ Го триеше со дланката темето и мислеше: брзо ми расте овесов на глава - треба утре да појдам на бричење. „Коњот“ , чу и се изненади.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му се допаѓаше да го трие со два прста нејзниното мало, розово уво. „Го лажеше со други...“ Таа зачудено го погледна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Трубачот како да се буди од летаргија: полека ја крева главата ги трие очите, станува од местото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ФЕЗЛИЕВ: (Го трие челото. Сеќава дека го избива студена пот.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој уште се порева, ја трие главата и се обидува да ја истера тежината што го корне целиот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
По површината на тој зелен мраз, како некој долго да триел со топла дланка, сега стоеше едно магливо проблеснување, а кога го пофатија сети под рацете пифтиестата водурлива обвивка, во која можеше да се забуца и целиот прст.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со една поголема грутка снег тој помина по лицето, триејќи ги најдолго слепите очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред да се врати, Змејко зеде една грутка снег и долго ја триеше меѓу дланките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му ги одврзале рацете, устата, очите и со часови го триеле со топла вода и ракија.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мегалон ги обиколуваше своите маслинарници и задоволно ги триеше рацете.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Отпрво претседателот на градот и одборниците радосно си ги триеја рацете, мислејќи дека со огромното злато што им го донесе некакво чудо, ќе можат да ги решат сите градски проблеми.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Шишман си го триеше вратот. Потоа му беше здодевно и се загледа во тенџерето пред себе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја зеде потоа секирата в рака, го погледна муртејќи се темнопепелавото небо, па се затрча по патеката што преку темната букова корија, низ која високо во гранките се провираше ветерот, оставајќи ги разнишаните гранки да крцкаат, да се удираат, да се тријат една од друга, создавајќи најразлични шумови, и се упати преку Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе