триење (ср.)
Сега длетото копа и во теснината се слуша брзото дишење и триењето на телата и рацете.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Потоа ги истрга гламните од огнот, гаснејќи ги со триење и исправајќи ги во дното на огништето со загореното нагоре, па потоа со машата го запрета огништето.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Дали се белеат веќе во мојот примижан поглед врвовите на Шара или трињето по снегот трепери по полошките нивје.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Од тоа, од сапунчето, од водата, од мирудиите и од триењето, нивното бело месо стануваше миризливо, младо, се стегнуваше некако, па крцкаше и се лизгаше низ прстите на мажите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Дури тогаш жителите на Потковицата имаа време да се запрат над стрика Анѓела; го превртија на грб и со викање, со триење на вратните жили се обидуваа да го освестат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Над дрвото му висат поткинатите реси од месото, расчешани и речиси светнати од триење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Триењето, топлите чаеви и мајчинските лафови, полека ја враќаат Пелагија во Пелагија.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Несоницата е... Несоницата е исплукан нокт, мрсул под маса, првут од триење, чешање до болка – болка од мислење.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Со татковото триење, со потењето преку ноќ, се победува огнот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Бегај изгоро студена...стопи се под мојата жешка стапка...таа се дими од премора, од триење на мислите...а погледот ми залута, луто се насочи пред очиве ми...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Порано пред многу години, кога немаше кибрит, во џебот носев, трат од камче, така со триење едно со друго, го палевме огнот...раскажуваше таа...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Крцкањето на претоварената кола беше болно и предизвикано од разните триења на дрво и железо од кој беше направена колата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)