кал (ж.)

А твоите другари, без да си сторил било какво зло, фрлија кал на твоето име и народот им поверува…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Татко ми е сиромав, самарџија... Најпосле јас имам под ноктите црно, кал... (Задржуваниот плач се пробива со придушено липање.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Како мачка со опашка да мавнала преку нив! Види види, овие запци, полни со кал, види!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТОМЧЕ: Ја нејќе! А зошто? Каква мана ѝ најде? Кал под нокти!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не одеше веќе за да ги прерипа куќите; нозете му се влечеа по калта, долгите раце млако му висеа дури до коленици.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И попот ова го чекаше: да дојде до куќа и така азар сермиичка, та му благодари на Лесната и Младена што ќе му помогнат да се извлечка од калта и да ги прифати и децата и стоката, Речено — сторено.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некои паѓаат од коњите, други ги дигаат и сами пијани, но благодарејќи на убавото суво и топло време, немаше опасност ни од кал ни од простуда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еднаш на еден му ја запали племната, на друг му го испушти житото од амбарот во калта.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Каде пред оваа маса пред овој памучен хоризонт без линии пред ова темно месо на земјата и ноќта измешано длабоко место и густо наеднаш поплава на очите и на просторите смрт Каде о каде ти јас ти море шумно и бескрајно ти монотоно поле хоризонтално уморено желно за исправено ветровито разведрување Каде о каде ти тесто густо на дождот и земјата човеку јас камену во рацете и во очите кал
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Од каде о каде доаѓаш позната незаборавна песно ти дете безнадежно ти наивно стрело од тревите и птицо на калта сува и бескрајна врвицо низ дождот врвицо сребрена игрива камењарко каде ме водиш
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И тие ги гледаа во мислите своите деца претепани, измачени, гладни, голи и боси како газат во студената кал, како се тресат ноќе затворени во студените аништа, и... најпосле како сите ги обесил султанот во Стамбол.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Многумина што намислуваа од разни причини, да си ја менуваат верата и да се потурчуваат, си ги спомнуваа горните зборови од нивните попови, па Анѓа се држеше за нив: Снагата нека ја јадат пците, барем душата да не ја фрлам во калта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Демонот во него беше преголем за да се провлече низ решетките на канализацијата рамно до земјината утроба, за да стане отровна риба со кал во жабрите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа беше случај: босите стапалки се лизнаа по меката кал.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Надвор во густата безживотна бара лежеше ничкосан на една страна коњот и самиот безживотен: здрвени нозе, забуцана муцка в кал, а на црвеното чело чавка со кокетно накривена глава се бара во огледалото на лилавата зеница.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Одиш по улица и ти се чини дека сака да те поваса, да те потоне во калта трпеливо и без остаток.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нашето село е сенасе осум куќи. Нашата е виранија таква, со сламарниица е покривот, ѕидовите се со плетвар и кал.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Често сум морал да ја мијам и чистам од калта. А еднаш и се расцепи од опинците на Танаса. Тоа ми го скисели и лицево и душава.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
21. КУКАВИЦАТА КУКА ОТИ СВОЕ ГНЕЗДО НЕМА - а човекот, да не биде тратен, залче леб апне и се втурнува во полето дрва и кал да зема па такво гнездо, кукавичино, да направи запне...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Под калта и 'рѓата по лицето не можеше да го разликува бело или црно ќе биде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе