калиф (м.)
Им пристапија гласници на сите бегови што не беа во Прилеп и Скопје, на тие што беа тука усно им го соопштија денот на тргањето уште пред цел месец и сите се зафатија здраво на работа, бидејќи така им пиша самиот калиф Сулејман.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Нека ги, – си рече во себе, – и тие му се верни поданици на Калифот, нека земат по нешто и тие. Сигурно ќе има за сите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кадијата се врати на своето место, зеде книга и орлово перо и почна да пишува: До пресветлиот господар калиф, падишах султан Сулејман, законодавец – Истанбул.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Најверојатно познавал секакви пијачки и напивки со кои се пречистувала крвта и секако по несреќа залутал меѓу шуплоглав свет што не можел да сфати дека по такви екими каков што е тој копнееле далечни калифи и нешто поблиски везири.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го обвинуваа арапскиот генерал Амур Бен Ал Ас, освојувачот на Египет во 642 година, кому, прашувајќи претходно за судбината на книгите на Александриската библиотека, калифот Омар му порача: Ако се сите книги во согласност со Куранот, тие се неполезни и треба да се уништат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоталитарниот фанатизам на калифот Омар, покажан со запалувањето на драгоцените книги на Александриската библиотека, ќе го покажат и протагонистите на Римската Империја кои ќе го воспостават индексот на забранетите книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)