чек (м.)

АНЃЕЛЕ: Еднаш реков да ги направам чекови, како што секој носи, ама се премислив.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Организери за визит-картички (секоја картичка во својата пластична куќичка), организери за моливи, за адреси и телефонски броеви, за чекови и пари, за текстови, документи, за секој предмет, за секоја намена, за секоја прилика.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На својот забар му платив со овој чек што го нацртав, кој воопшто не беше банковен. И тој прифати.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Освен ова, имам уште гестови од тој тип, од дада- периодот. Како овој чек.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Монотониот звук на фабричката лента беше едноставен, смирувачки, исто како и неделниот чек кој редовно го подигаше во петок, по само десет минути чекање во уредна редица од работници дојдени, како него, којзнае од каде – Руси, Црнци, Кинези (колку многу Кинези!) и некои други раси и видови кои не ги ни препознаваше на прв поглед.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Одат издрпани по светот, а во гаќите сошиен чек на милион долари. На годишен одмор е?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Во тој случај“, одврати Дипен отворајќи една фиока од која извади чековна книшка, „слободно пополнете ми чек на таа сума.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ти испраќам како и досега чек на 150 долари. За тебе се 20, на Атинчето 30, а останатите ќе му ги дајш на мама и тато.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Неколку минути не изусти ниту збор, не се ни помрдна, недоверливо гледајќи во мојот пријател со подзината уста и со ококорени очи; потоа, доаѓајќи си малку на себе, зеде едно перо, и по неколку прекини и џарења во празно, најпосле пополни и потпиша чек на педесет илјади франци и преку масата му го подаде на Дипен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Штом ќе го потпишете чекот, ќе ви го предадам писмото.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мартин веќе десет години живееше во Германија и секој месец во форма на девизен чек великодушно го помагаше неговиот помал брат и своите родители.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Веда го држи чекот в рака.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
ВЕДА [се врти настрана]: Во оваа фаза, тоа си е прашање на мислење, а моето мислење е дека ќе имам бебе. [Го става чекот в чантиче.] Сигурно, може и да грешам. [Го затвора чантичето, го става на масата.]
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Милдред го отвора чантичето, го вади чекот, го кине.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)