ал (м.)

Нели Раткин глас ми дочу таа ми ти пуста гора, од жал, леле, лисја рони и на Ратка кротко збори: „Дејди, Радо, пиле младо, што ал, Радо, ми те најде, та сред тоа ноќно време тага виеш, с’лзи лееш?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
— Море, кажете си го алот побратиме, та ваа се виде шо се виде! Co м'чење нишчо не бидуа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Лав, муабет, си го кажа алот! Бабата Бисера беше стара вештица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Доста се позамисли. — „Ами, ако квикне и некое баце? Тука шо ал правиме?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овој гледа некое време и го слушам, вели: - Селото гори, баба се чешла! – вели првиот и додава, му се обраќа на својот противник: - Што велиш, да ги спастриме прво нив па после јас и ти да си го видиме алот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Инаку не се знае што ал ќе те снашол.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Што не ѝ шепна мајката света што ал ќе ја снајде, па да бега подалеку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ти велев да не мислиш на алот на народот, ама сега и мене змија ме касна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Гледај си го твојот ал, и овој на домаќинкава твоја. Народот ќе се снајде како му е пишано“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
БАЈАЧКАТА: Нека гледа мажот ти. ВЕРА: Мажот ми не може да си го види алот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Нека оди да си го гледа алот дома. Се убиваат со машинки по улици. Ги мачат Црнците.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ако влезе дури тогаш и тебе ќе ти го видам алот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знам каков ќе ви беше алот да не бев јас, за некако да го врзам крајот со крајот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но играта беше и повод да си прикажуваат за нивните балкански алови, без страв дека отворените и смели зборови ќе поминат преку тарабите на куќата крај реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)