алтан м.

алтан (м.)

ЦОНКА: Па, сега кумот ќе го дарува кумашинчето. (На Теодос мазно.) Треба алтанче на крштеничето, адет е, проводија за крштеничето.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
План сеидбен, норма надфрлена, родно поле цело засеано, - алтан жито, вардарка пченица – весел народ - лице насмеано.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Сите тие слугинки ќе ти бидат, а тие ќе заповедаш и ќе броиш алтани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се подисправи Ѓорѓи, го води звукот низ пределот на сонливата свила: „Ќе ти пишу алтан чело на тефтер / Пиши лудо, ич ме мене не прашуј, ле“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ставаше во голема каца зелка, зелка што алтан не ѝ беше рамен, а во земјени ќупчиња и разни туршии и речели, направени со тикви, шира, дуњи и мушмули, а од свинското што не смееше да се продава по касапниците, зашто и касапите беа само Турци, Тодора нареди да се направат пастрма и суџуци, та кога скришум ги направија со неговите три жени, скришум и ги пренесоа есента со товарни добичиња од селото в град.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Никој не знае да заврши реченица, а мислите серете алтани додека зборувате.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во стеблото на еукалиптусот Коалите се живо сведоштво дека и без палата Можат да се сочуваат алтан соништа Ќе го речеш оној во вештачкиот базен бил алигатор Па што ако е алигатор Да не не може случајно да ми доскокне до сонот Алигаторот ти е како оние интелектуални ветрогони Многу ’рчи а ич не сонува Најпосле дојде времето на чистите сонови Само тие севезден лачат најволшебна влага
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Живеам јас така бедно, Благородност од мене ширам чедно, Алтани, злато гледам на сите страни Со крвави солзи полиени од рани.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)