Геологија - категорија

камен повеќе

камениот
Вид збор: Придавка
Што е со карпи, карпест.
Англиски: rocky

камен повеќе

мн. камење
Вид збор: Именка, машки род
Одделна карпа или откршен дел од таква маса, помал или поголем, во природна форма или обликуван според потребата.
Англиски: rock Албански: gur

камениште повеќе

мн. каменишта
Вид збор: Именка, среден род
Каменлива почва.
Англиски: stony soil Албански: gurore, gurishte

камењар повеќе

мн. камењари
Вид збор: Именка, машки род
Каменита почва, каменито место.
Англиски: stony field

камник повеќе

мн. камници
Вид збор: Именка, машки род
Необработлива каменлива почва.

капавец повеќе

мн. капавци
Вид збор: Именка, машки род
Извор со слаба вода која капе од карпа; место каде што капе вода.

карбон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Петтиот период од палеозоикот, период на настанување на јагленот.
Англиски: Carbon Албански: karbon

карпа повеќе

мн. карпи
Вид збор: Именка, женски род
Голема камена маса што се издига над површината.
Англиски: rock Албански: shkëmb

карпест повеќе

карпестиот
Вид збор: Придавка
Што има карпа, што е од карпи.
Англиски: rocky

кварц повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Тврд, безбоен минерал (силициум-диоксид), еден од најраспространетите во Земјината кора, што се користи како суровина во производството на стакло, порцелан и др.
Англиски: quartz

киновар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид минерал со црвена боја (змејска крв).
Латински: HgS Англиски: Cinnabar

кисел повеќе

киселиот
Вид збор: Придавка
За минерална вода - што содржи јаглеродна киселина.
Англиски: acidic Албански: i tahrbët, me gaz

кланец повеќе

мн. кланци
Вид збор: Именка, машки род
Теснец меѓу две планини или два рида.
Англиски: gorge, canyon

конгломерат повеќе

мн. конгломерати
Вид збор: Именка, машки род
Нехомогена карпа или рудна наслојка составена од повеќе минерали.
Англиски: conglomerate Албански: konglomerat

корозија повеќе

(едн.) корозијата
Вид збор: Именка, женски род
Разјадување на карпите и на минералите под хемиско влијание на водата.
Англиски: corrosion Албански: korozion

корунд повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Алуминиумов оксид кој се наоѓа во природата во вид на кристали; горcки кристал.
Англиски: crystallized quartz

крас повеќе

Види и: карст (м.)
мн. красови
Вид збор: Именка, машки род
карст
Англиски: karst

кратер повеќе

мн. кратери
Вид збор: Именка, машки род
Отвор на врвот на вулкан низ кој излегува лава.
Англиски: crater Албански: krater, çarje

креда повеќе

мн. креди
Вид збор: Именка, женски род
Третата и последна етапа од мезозојската ера на Земјата.
Англиски: Cretaceous period Албански: periudha e shkumsit

креден повеќе

Види и: креда (ж.)
кредни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на геолошкиот период креда.
Англиски: cretaceous

кремењак повеќе

мн. кремењаци
Вид збор: Именка, машки род
Одделен кремен камен.
Англиски: flintstone Албански: gurzjarri
Каменито место, камењар.
Албански: vend gurorë

креол повеќе

мн. креоли
Вид збор: Именка, машки род
Потомок на европските колонизатори во Латинска Америка.
Англиски: Creole Албански: Kreol

кристал повеќе

мн. кристали
Вид збор: Именка, машки род
Тврдо тело кое има правилен надворешен облик на полиедар.
Англиски: crystal Албански: kristal

кукул повеќе

мн. кукули
Вид збор: Именка, машки род
Издигнато место, рид со конусен облик; остар каменлив врв.
Англиски: cap Албански: kodrinë gurore
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш