Геологија - категорија

магма повеќе

(едн.) магмата
Вид збор: Именка, женски род
Жешка растопена маса во внатрешноста на Земјата.
Англиски: magma

масив повеќе

мн. масиви
Вид збор: Именка, машки род
Планина што се протега на широк простор, слабо разгранета, без изразени, остри врвови.
Англиски: massif Албански: masiv, varg

мезозоик повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Трета ера од развојот на Земјата што се карактеризира со поcтоење на огромни влечуги (диносауруси).
Англиски: Mesozoic

мермер повеќе

мн мермери
Вид збор: Именка, машки род
Bид камен со средна тврдост со варовит состав, погоден за обликување, што се користи за изработка на скулптури и во архитектурата.
Англиски: marble Турски: mermer

минерски повеќе

минерскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со минер.

миоцен повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Една од геолошките формации во терцијалниот период.
Англиски: miocene

модрак повеќе

мн. модраци
Вид збор: Именка, машки род
Вид камен со модра боја.
Англиски: bluestone Албански: gur i kaltërt

моминок повеќе

Види и: момирок (м.)
мн. моминоци
Вид збор: Именка, машки род
момирок

момирок повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Силикатен минерал, во облик на кристали што се двојат во тенки ливчиња, минерал кој влегува во составот на гранитите и другите карпи.
Англиски: feldspar

морена повеќе

мн. морени
Вид збор: Именка, женски род
Огромен блок на материјал што го носат ледниците, наслаги од раздробени камења во планинска област создаден под влијание на глечери.
Англиски: moraine

мрамор повеќе

мн. мрамори
Вид збор: Именка, машки род
мермер
Англиски: marble Албански: mermer
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш