Геологија - категорија

делувиум повеќе

мн. делувиуми
Вид збор: Именка, машки род
Нанос во подножјето на падини што настанал со миење ситни честици земја и камења.

дилувијален повеќе

дилувијалниот
Вид збор: Придавка
Што потекнува од дилувиумот, период по леденото време.
Англиски: diluvial

дилувиум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Период од развојот на Земјата, по леденото време, кога почнале да се топат глечерите, период кога се појавил прачовекот.
Англиски: Diluvium

дина повеќе

мн. дини
Вид збор: Именка, женски род
Песочен рид долг неколку стотици метри и висок неколку метри.
Англиски: dune Германски: Düne

доломит повеќе

мн. доломити
Вид збор: Именка, машки род
Вид минерал што се јавува како природен двоен карбонат на калциум и магнезиум.
Англиски: dolomite
Примери:
Доломитот во природата се наоѓа во вид на карпи.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш