суши
сушат; сушел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3232
1.
Прави нешто водено, влажно, сурово да стане суво; одведува вода.
Англиски:
dry
Албански:
thaj, teri
Ги испра кошулите и сега ги суши.
Младинците го сушеа мочуриштето.
Спротивно од:
водени (несв.)
2.
Отстранува влага од растенија, плодови и сл. и ги прави годни за храна.
Англиски:
cure
Албански:
thaj, teri
Селанцот го сушеше сеното пред колибата.
Суши месо.
Суши овошје.
Суши риба.
3.
(само во 3 л.) Прави нешто да стане премногу суво.
Примери:
Ветрот ми ја суши кожата.
Радијаторот го суши воздухот.
Лекот ми го суши грлото.
4.
Прави некого слаб.
Примери:
Болеста сè повеќе го сушеше.
5.
Прави некого или нешто да стане суво, сиромашно.
Примери:
Интервенцијата негова ми го сушеше текстот.
6.
(се суши, само во 3 л.) За нешто водено, влажно, сурово: станува суво.
Англиски:
dry
Албански:
thahet, teret
Дрвата се сушеа од жешкото сонце.
8.
(се суши, само во 3 л.) За растенија, плодови; се засушува.
Примери:
Сливите се сушеа на покривот на куќата.
9.
(се суши) ослабува
Примери:
Болеста ме скова на постела и сè повеќе се сушам.
Слично со:
ослабува (несв.)
Изрази
(разг.) Суши просо на ортома.