ослаби
ослабат; ослабете; ослабев, ослабе, ослабеа; ослабел; (го) ослабив, (го) ослабија; (го) ослабил; ослабен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9814
1.
Стане физички слаб.
Англиски:
weaken,
reduce weight
Албански:
dobsua
Јас пак, за тие дваесет дена, колку што седев во болницата, исто толку кила ослабев.
Немаше доволно храна и децата ослабеа.
Тој ослабе и лицето му доби некаков тажен израз.
2.
Му се намали јачина, острина на некој осет (вид, слух).
Примери:
На дедо ми му ослабе видот последниве две години.
Му ослабе слухот.
3.
Се намали степенот на некое чувство (љубов, тага).
Англиски:
decrease
Албански:
pikëllohet
Љубовта со време ослабе.
Тагата за родното место никогаш не ослабе.
4.
попушти, олабави
Примери:
Од невремето телефонските врски ослабеа.
5.
Направи некого или нешто да стане слабо.
Примери:
Операцијата го ослаби многу и тој тешко закрепнуваше.
Долгогодишните борби ги ослабија и двата противника.
Изведенки
1.
ослабува несв.
ослабуваат
ослабуваат
2.
ослабување ср.
глаг. им.
глаг. им.