а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

влече

влечат; влечи, влечете; влечев, влечеа; влечел; влечен; влечејќи; влеков, влекоа; влекол, влекле
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1185
1. Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината.
Англиски: pull Српски: вући Албански: tërheq Бугарски: влача
Примери:
Ловецот го влечеше отепаниот волк по снегот.
Трактори и коњи ги влечат тешките трупци од шумата до пиланата.
Влече гранки.
2. Трга кон себе.
Англиски: draw Албански: tërheq
Примери:
Детето ја влечеше мајка си за унечка.
Рибарите ја влечеа мрежата полна со риби.
3. Носи со својот тек, водотек.
Англиски: carry Албански: sjell, tërheq
Примери:
Реката влече дрвја и камења.
4. Носи со себе ваму, таму.
Англиски: drag Албански: zvarris
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го влече детено сегде со себе.
5. Тешко, отежнато се движи.
Англиски: drag Албански: zvarritem
Примери:
Тој ја влече десната нога.
6. Вовлекува, трга навнатре.
Англиски: draw Албански: tërheq, ngrehë
Примери:
Изморените патници ги влечат првите чадови и молчат.
Овој оџак влече добро.
7. повлекува, исцртува
Англиски: paint Албански: tërheq
Примери:
Учениците влечеа со линијарот прави линии по белата хартија.
8. извлекува
Англиски: draw Албански: tërheq, largoj
Примери:
Влече карта од шпилот.
9. (се влече) Тешко, споро се движи, ползи, лази.
Англиски: drag Албански: zvarritem
Примери:
Ранетиот се влечеше.
Просјакот се влечеше по асфалтот.
По исушената трева се влечеше еден голем смок.
10. Се движи бавно.
Англиски: crawl Албански: zvarritem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Облаците се влечеа по сртот на планината.
11. (се влече) Се движи не одвојувајќи се од површината.
Англиски: move Албански: zvarritem, lëvizë
Примери:
Фустанот на невестата се влечеше по калниот пат.
12. (се влече) Е во љубовна врска со некого, подолго време.
Англиски: involve Албански: tërheq, kaloj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Се влече со неа три години.
Изрази
Влече некого за јазик - предизвикува некого на искажување.
Влече некого за нос - држи некого под свое влијание, под своја волја.
Срцето го влече по некого/по нешто - сака нешто, се интересира за нешто или некого.
Нешто го влече - нешто го привлекува, е заинтересиран за нешто.
Изведенки
влечење ср.
глаг. им.