а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оди

одат; одиш; одиме; одев, одевме; одело; одејќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 99
1. За човек и за животни - се преместува движејќи се со нозете, чекорејќи.
Англиски: go, walk Српски: ходати Албански: ecë Бугарски: ходя
Примери:
Одевме по вистинскиот пат.
Не трчај, оди полека.
Кучето одеше пред сите.
Тој секаде одеше пеш.
2. Се упатува кон определено место со определена цел.
Англиски: go Албански: ecë
Примери:
Оди на работа.
Оди на дуќан.
Оди на факултет.
Оди на училиште.
Оди на курс.
Оди на кино.
Оди на состанок.
Оди на лекар.
Оди в црква.
Оди во посета.
Оди на пазар.
3. Се пренесува од едно место на друго со превозно средство (за луѓе - патува, се вози).
Англиски: travel Албански: udhëtoj
Примери:
На работа оди со велосипед.
На долги релации одиме со авион, а не со брод.
Ќе одиме со воз.
4. Се пренесува од едно место на друго со превозно средство (за стоки - превезува, испраќа).
Англиски: send Албански: dërgon
Примери:
Сето наше производство оди за извоз.
Овие пратки ќе одат за Битола.
Писмото одело цел месец.
5. Има (нема) нешто на себе, некако е облечен, обуен.
Англиски: wear Албански: mbath
Примери:
Оди по кошула.
Оди по чорапи.
Оди гологлав.
Оди бос.
6. Е во некаква состојба.
Англиски: go Албански: kalon
Примери:
Уште оди ерген.
Оделе свршени една година.
7. Се дружи, другарува.
Англиски: join Албански: shoqërohet
Примери:
Оди со двајца расипници, па и тој стана како нив.
8. Има љубовна врска.
Албански: lidhje
Примери:
Тој оди две години со девојката.
9. Следи некого во нешто, работи, постапува како некој.
Англиски: follow Албански: ndjek
Примери:
Оди по примерот на својот учител.
Одат по умот негов.
10. Настојува, се стреми кон нешто, постапува некако со цел да постигне нешто.
Англиски: use Албански: përdor
Примери:
Од идната година ќе одиме со новите наставни планови.
11. За превозни средства - се движи.
Англиски: move Албански: shkon
Примери:
Автобусот одеше полека поради мразот.
Возот оди најредовно.
Авионот не одел директно.
Кога оди бротчето за Струга?
12. За механизам - работи, се движи вршејќи ја специфичната функција.
Англиски: run Албански: shkon, ecë
Примери:
Ѕидниот часовник оди малку напред.
13. се протега, се простира
Англиски: run Албански: shtrihet
Примери:
Патот оди покрај реката.
Оваа улица не оди кон театарот.
Нашава нива оди од патот, па сè до реката.
14. За работа, за нешто што се прави, што се случува.
Англиски: run Албански: shkon
Примери:
Нему добро му оди трговијата.
Сеидбата оди според планот.
Денеска ништо не ми оди.
Се надеваме дека ќе оди кон подобро.
15. Чини, вреди, има цена; добро се продава, се бара на пазарот.
Англиски: sell Албански: shkon
Примери:
Колку одат доматите денес?
Овошјето тешко оди.
Не оди тутунот како што одеше некогаш.
16. За средства, пари - се употребува, се троши.
Англиски: spend Албански: harxhohet, shkon
Примери:
Половина плата му оди за лекови.
Поголемиот дел од парите одат за купување нови машини.
17. Се сложува, е соодветно, одговара (за делови од облека, за боја, храна, пијалак).
Англиски: fit Албански: përshtatet, shkon njëra me tjetrën
Примери:
Кошулата не ти оди на костумот.
Со ваква облека не оди шарена шапка.
Со ова јадење оди црвено вино.
18. За постапка, намера, намисла - не е така, спротивно е, не може да успее.
Англиски: work Албански: shkon, kalon
Примери:
Тоа што го кажуваш не оди.
Не оди тоа така.
Што не оди, не оди.
19. Спаѓа, влегува, се распределува во некој состав.
Англиски: belong Албански: kalon
Примери:
Тие ќе одат во втората група.
Само квалитетните производи одат за продажба.
Ова ќе оди во отпад.
Овој тутун не оди во прва класа.
20. За боја, нијанса - преминува, се прелева.
Англиски: change Албански: kalon, shëndrohet
Примери:
Имаше нова блуза, розева што оди кон виолетово.
21. Во некои игри (шах, карти) - е според правилата; на потег.
Англиски: move Албански: lëviz
Примери:
Топот оди неограничено вертикално и хоризонтално.
Сега ти одиш.
22. Во математика - се содржи во некој број.
Англиски: contain Албански: shkon, përmban
Употреба: Математика
Примери:
Во девет три оди трипати.
23. Со начинско значење, се движи некако.
Англиски: move Албански: ecë, lëviz
Примери:
Оди брзо.
Оди на прсти.
Оди на раце.
24. За време, обично со заменката си.
Англиски: pass Албански: kalon, shkon
Примери:
Треба да побрзаме, си оди времето.
25. Се грижи за некого или за нешто.
Англиски: care Албански: kujdeset
Примери:
По болниот некој треба да оди.
Цвеќињата се убави, ама треба да одиш по нив.
26. (во 1 л. мн.) Како најава, воведување на дејство.
Англиски: go Албански: shkojmë
Примери:
Одиме понатаму.
Одиме на следното прашање.
Изрази
Не ми оди в глава - не можам да сфатам, да замислам.
Оди по линија на помал отпор - не сака судири, избегнува тешкотии.
Оди понадвор - излегува по нужда.
Оди од рака, на рака - се предава, се пренесува од еден на друг.
Оди во чекор со времето / со модата - ги следи современите текови, современ е; се носи според модата, модерно се облекува.
Ни оди ни седи - не прави ништо за да ја промени состојбата.
Ми (ти, му...) оди на нерви - ме (те, го ...) нервира.
Оди по ќефот (некому) - угодува некому.
Оди по тенок мраз - игра опасно.