move - онтологија

влече повеќе

влечат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се влече) Се движи не одвојувајќи се од површината.
Албански: zvarritem, lëvizë

движи повеќе

движат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто да работи, да дејствува, да се преместува.
Албански: lëviz, vë në lëvizje
Мрда, помрднува дел од телото.
Албански: lëviz, luan
Доведува нешто во движење, насочува движење.
Албански: lëviz, luan
(се движи) Врви, оди во некаква насока.
Албански: lëviz

задвижи повеќе

Види и: движи (несв.)
задвижат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да движи.
Албански: lëviz
Почне да движи, да мрда нешто.
Албански: lëviz
(се задвижи) Почне да се движи.
Албански: lëviz

заклацка повеќе

Види и: клацка (несв.)
заклацкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да клацка.
Албански: lëviz

замрда повеќе

замрдаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да мрда.
Албански: fillon të lëviz
(се замрда) се мрда
Албански: lëviz

запрета повеќе

запретаат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - почне да мрда со нозете.
Албански: lëviz
Употреба: Преносно значење

засели повеќе

заселат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да сели некого или нешто.
Албански: shpërngul, zhvendos
(се засели) Почне да се сели.
Албански: shpërngulem

заснове повеќе

засноват
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се движи во разни правци.
Албански: lëviz
Употреба: Преносно значење

измести повеќе

изместат
Вид збор: Глагол, свршен
(се измести) Се помести од своето претходно место.
Албански: lëvizë nga vendi

измрда повеќе

Види и: мрда (несв.)
измрдаат
Вид збор: Глагол, свршен
Мрдне, помести од своето вообичаено место.
Албански: lëviz, luaj vendit

исели повеќе

иселат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да го напушти местото на живеење.
Албански: dëboj

мести повеќе

местат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мести) де преместува
Албански: zhvendos

мрда повеќе

мрдаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави кратки движења со нешто.
Албански: lëviz
се поместува; се преместува
Албански: zhvendoset
Преместува, поместува нешто.
Албански: zhvendos
(се мрда) се движи, се преместува
Албански: lëviz

мрдне повеќе

мрднат
Вид збор: Глагол, свршен
се помести
Албански: lëvizë
Помести, премести нешто.
Албански: lëvizë, zhvendos
(се мрдне) се премести, се помести
Албански: lëvizem, zhvendosem

мртка повеќе

мрткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мрда по малку.

мрцка повеќе

мрцкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мрда по малку.

мрцне повеќе

мрцнат
Вид збор: Глагол, свршен
мрдне

ниша повеќе

нишаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се ниша) Се движи наваму-натаму, се мрда, се поместува.
Албански: lëkundet, luhatet

оди повеќе

одат
Вид збор: Глагол, несвршен
За превозни средства - се движи.
Албански: shkon
Во некои игри (шах, карти) - е според правилата; на потег.
Албански: lëviz
Со начинско значење, се движи некако.
Албански: ecë, lëviz

одмести повеќе

Види и: измести (св.)
одместат
Вид збор: Глагол, свршен
Промени место.

патува повеќе

патуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
За превозно средство - се движи.
Албански: lëvizë

подизмести повеќе

Види и: измести (св.)
подизместат
Вид збор: Глагол, свршен
Измести малку, донекаде.
(се подизмести) Се измести малку, донекаде.

подмести повеќе

Види и: мести (несв.)
подместат
Вид збор: Глагол, свршен
Премести нешто малку во просторот, потргне нешто од некаде.
(се подмести) Се премести малку во просторот.

подмрдне повеќе

Види и: мрдне (св.)
подмрднат
Вид збор: Глагол, свршен
Мрдне малку, сосема малку.
Албански: lëviz
(се подмрдне) Се мрдне, се помести малку, сосема малку.
Албански: lëviz

поисели повеќе

Види и: исели (св.)
поиселат
Вид збор: Глагол, свршен
Исели малкумина, во некаков број.
Албански: shpërndaj, shpërngul
Исели многумина, во голем број, сите.
Албански: shpërngul, shpërndaj

помрдне повеќе

помрднат
Вид збор: Глагол, свршен
Мрдне малку од местото за извесно растојание.
Албански: lëvizë, zhvendos
(се помрдне) Се мрдне малку малку од местото за извесно растојание.
Албански: lëvizë, zhvendos

пораздвижи повеќе

Види и: раздвижи (св.)
пораздвижат
Вид збор: Глагол, свршен
Раздвижи нешто малку, донекаде или уште малку.
Албански: lëvizë pak
(се пораздвижи) Се раздвижи малку, донекаде или уште малку.
Албански: lëviz pak

поразмрда повеќе

Види и: размрда (св.)
поразмрдаат
Вид збор: Глагол, свршен
Размрда, раздвижи малку, донекаде.
Албански: lëviz

потече повеќе

потечат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се движи во мноштво, во маса.
Албански: lëviz
Употреба: Преносно значење

потрга повеќе

потргаат
Вид збор: Глагол, свршен
потргне
Албански: heq, largon

потргне повеќе

потргнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се потргне) Се помести, се премести малку, се подистави.
Албански: zhvendos

поттргне повеќе

поттргнат
Вид збор: Глагол, свршен
Тргне, помести, придвижи малку.
Албански: tërheq, zhvendos, lëvizë
(се поттргне) Се тргне, се помести малку, во мала мера.
Албански: tërhiqem, zhvendosem

премести повеќе

преместат
Вид збор: Глагол, свршен
Пренесе нешто од едно место на друго, промени место.
Албански: shpërngul, mbart
Одреди некому работно место.
Албански: ndërron vendin e punës

пресели повеќе

преселат
Вид збор: Глагол, свршен
Промени место на живеење, се насели на друго место.
Албански: shpërngul

прета повеќе

претаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава знаци на живот.
Албански: lëviz
Употреба: Преносно значење , Разговорно

префрла повеќе

Види и: префрли (св.)
префрлаат
Вид збор: Глагол, несвршен
префрли

префрли повеќе

префрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Премести на друго место, смени место.
Албански: hedh, transferoj
(се префрли) Се премести од едно место на друго.
Албански: shpërngul

промрда повеќе

Види и: мрда (несв.)
промрдаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да мрда обично по определен прекин.
Албански: fillon të lëviz
Мрда малку.
Албански: lëviz pak
(се промрда) Се раздвижи, прошета малку.
Албански: lëviz, ec
Употреба: Разговорно

промртка повеќе

Види и: мртка (несв.)
промрткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да мртка.

раздвижи повеќе

Види и: движи (несв.)
раздвижат
Вид збор: Глагол, свршен
(се раздвижи) Почне да се движи.
Албански: fillon të lëviz

размрда повеќе

размрдаат
Вид збор: Глагол, свршен
раздвижи
Албански: lëvizë, luaj vendit
(се размрда) Се раздвижи, почне да мрда.
Албански: lëvizë

расели повеќе

раселат
Вид збор: Глагол, свршен
Засели на разни места.
Албански: shpërngul

раселува повеќе

Види и: расели (св.)
(се) раселуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расели

раскрши повеќе

раскршат
Вид збор: Глагол, свршен
За снага, раце и нозе - раздвижи, размрда.
Албански: lëviz
(се раскрши) се раздвижи, се размрда
Албански: lëviz

сели повеќе

селат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пренесува на друго место на живеење, преселува.
Албански: shpërngul
Употреба: Транспорт
Примери:
Присилно ќе го селат од старата куќа.
(се сели) Поминува на друго место на живеење, се преселува.
Албански: shpërngul
Примери:
Кога ќе се селиме, ќе ве викнеме да ни помогнете.

смрда повеќе

Види и: мрда (несв.)
смрдаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне одеднаш да мрда.
Примери:
Наеднаш смрда мртовецот.

стресе повеќе

стресат
Вид збор: Глагол, свршен
вознемири, потресе
Албански: trondit
Употреба: Преносно значење

тегне повеќе

тегнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди во одреден правец.
Албански: lëviz
Употреба: Народна поезија

тера повеќе

тераат
Вид збор: Глагол, несвршен
Движи, тера да работи.
Албански: lëviz

тргне повеќе

тргнат
Вид збор: Глагол, свршен
Истави, фати од определено место.
Албански: heq, lëviz

шавне повеќе

шавнат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да биде во мирување.
Албански: lëviz