мед

(едн.) медот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2564
1. Слатка, густа течност што ја произведуваат пчелите од сокот на цветовите.
Англиски: honey Албански: mjaltë
Употреба: Земјоделство , Гастрономија
Примери:
шумски мед, мед од костен
2. Сладок сок што потсетува на мед.
Англиски: treacle Албански: melasë
3. бакар
Латински: Cu Англиски: copper Албански: bakër
Употреба: Архаизам , Хемија
Изрази
Тече/има мед и млеко - има се во изобилство.
Му падна секирата в мед - неочекувано доби нешто, го послужи голема среќа.