Архаизам - категорија

мав повеќе

Вид збор: Именка, машки род
удар, замав, тешкотија

магаза повеќе

мн. магази
Вид збор: Именка, женски род
магацин
Англиски: warehouse Турски: mağaza Албански: depo
продавница, дуќан
Англиски: shop Албански: shitore, dyqan

маглен повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
ноември
Англиски: November

мадем повеќе

мн. мадеми
Вид збор: Именка, машки род
Рудник каде што се вади руда, чакал или плочи за покривање куќи.
Англиски: mine Турски: maden

мајдан повеќе

Вид збор: Именка, машки род
рудник
Англиски: mine Турски: maden Албански: minierë, maden
каменолом
Англиски: quarry Турски: maden Албански: gurore

максуз повеќе

Вид збор: Прилог
намерно, со намера
Англиски: intentionally Турски: mahsus

мал повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
имот, имање
Англиски: property Турски: mal Албански: pronë

мале повеќе

Види и: мајка (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
мајка
Англиски: mother

малинхер повеќе

Види и: малихера (ж.)
мн. малинхери
Вид збор: Именка, машки род
Bид брзострелна пушка.

малихера повеќе

Види и: малинхер (м.)
мн. малихери
Вид збор: Именка, женски род
Bид брзострелна пушка со единаесетмилиметарски калибар.
Англиски: rifle

малихерка повеќе

Види и: малинхер (м.)
мн. малихерки
Вид збор: Именка, женски род
малихера
Англиски: rifle

мангал повеќе

мн. мангали
Вид збор: Именка, машки род
Отворен метален сад за греење со жар.
Англиски: heater, brazier Турски: mangal

мангар повеќе

мн. мангари
Вид збор: Именка, машки род
Стара турска бакарна пара со мала вредност.
Англиски: pence Турски: mangır

манда повеќе

мн. манди
Вид збор: Именка, женски род
бивол
Англиски: buffalo Турски: manda

мартинка повеќе

мн. мартинки
Вид збор: Именка, женски род
вид пушка

мартир повеќе

мн. мартири
Вид збор: Именка, машки род
сведок
Англиски: witness Албански: dëshmitar
маченик
Англиски: martyr Албански: martir

махмудија повеќе

мн. махмудии
Вид збор: Именка, женски род
Стара турска златна пара.
Англиски: gold coin Турски: mahmudiye

мегдан повеќе

мн. мегдани
Вид збор: Именка, машки род
Плоштад во населено место.
Англиски: square Турски: meydan Албански: shesh, mejdan
Празен простор, широчина, поле.
Англиски: field Албански: shesh, fushë
Место каде што се води борба.
Англиски: battlefield Албански: sheshlufte
двобој, борба
Англиски: duel Албански: duel, dyluftim

мегданџија повеќе

мн. мегданџии
Вид збор: Именка, машки род
Борец на мегдан; тој што е подготвен да дели мегдан, да се бори.
Англиски: fighter Турски: meydancı Албански: mejdanxhi
Храбар човек, јунак.
Англиски: hero Албански: hero, trim

мед повеќе

(едн.) медот
Вид збор: Именка, машки род
бакар
Латински: Cu Англиски: copper Албански: bakër

мерамет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
милост
Англиски: mercy, grace Турски: merhamet

мердевен повеќе

мн. мердевени
Вид збор: Именка, машки род
скала
Англиски: stairs Турски: merdiven

мерџан повеќе

мн. мерџани
Вид збор: Именка, машки род
корал, украс од корал
Англиски: coral Турски: mercan

мерџанов повеќе

мерџановиот
Вид збор: Придавка
Што е од корал, корален.

метериз повеќе

мн. метеризи
Вид збор: Именка, машки род
заседа
Англиски: trap Турски: meteriz

мешина повеќе

мн. мешини
Вид збор: Именка, женски род
Кожена направа за дување.
Англиски: bag Албански: thes lëkure

мешница повеќе

мн. мешници
Вид збор: Именка, женски род
Кожена вреќа за носење течност.
Албански: thel lëkure për lëngje

мигновен повеќе

мигновениот
Вид збор: Придавка
Што се случува за миг.
Англиски: momentarily

милет повеќе

милетот
Вид збор: Именка, машки род
народ
Англиски: people Турски: millet

милиција повеќе

мн. милиции
Вид збор: Именка, женски род
Назив за полиција до распаѓањето на Социјалистичка Југославија.
Англиски: police Албански: milicia

минтан повеќе

мн. минтани
Вид збор: Именка, машки род
Bид горна машка или женска облека со долги тесни ракави.
Англиски: shirt Турски: mintan

митница повеќе

мн. митници
Вид збор: Именка, женски род
царинарница
Англиски: customs

митничар повеќе

мн. митничари
Вид збор: Именка, машки род
царинарник
Англиски: customs officer

младенец повеќе

мн. младенци
Вид збор: Именка, машки род
новороденче
Англиски: newborn Албански: foshnje

момок повеќе

мн. момоци
Вид збор: Именка, машки род
Помошник во селска куќа.
Англиски: servant Албански: shërbyes

мостарина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Надоместок што се плаќал за преминување преку мост.
Англиски: bridge toll

мувлет повеќе

мн. мувлети
Вид збор: Именка, машки род
Одреден временски период.
Англиски: deadline Турски: mühlet

мудбак повеќе

мн. мудбаци
Вид збор: Именка, машки род
Просторија во куќата во која се готви и се чува храна.
Англиски: kitchen Турски: mutfak

мукава повеќе

мн. мукави
Вид збор: Именка, женски род
Дебел картон за кутии, корици на книги и др.
Англиски: cardboard Турски: mukavva Албански: karton
Дебела свеќа во џамија обложено со картон и украсена со разнобојна хартија.
Англиски: candle Албански: qiri i stolisur me letra me ngjyra

мунасип повеќе

Вид збор: Прилог
умесно, добро, згодно, правилно
Англиски: suitable Турски: münasip

мур повеќе

Види и: муур (м.)
мн. мури
Вид збор: Именка, машки род
муур
Англиски: seal Турски: mühür

мураќип повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Мастило за пишување, црнило, туш.
Англиски: ink Турски: mürekkep

мураќиплија повеќе

Вид збор: Придавка
мастилен

мусандра повеќе

мн. мусандри
Вид збор: Именка, женски род
Голем ѕиден плакар со прегради, украсен со резба; обично за чување постелнина.
Англиски: closet Турски: musandıra

мутлак повеќе

Вид збор: Модален збор
Секако, сигурно, веројатно, бездруго, со увереност.
Англиски: probably Турски: mutlak

муур повеќе

мн. муури
Вид збор: Именка, машки род
печат, жиг
Англиски: seal Турски: mühür

мухаџир повеќе

мн. мухаџири
Вид збор: Именка, машки род
Иселеник, бегалец, емигрант.
Англиски: refugee Турски: muhacir

мухаџирлак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
иселеништво, емигрантство
Англиски: emigration Турски: muhacirlik

мухур повеќе

Види и: муур (м.)
мн. мухури
Вид збор: Именка, машки род
муур
Англиски: seal

мушавере повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
договор, советување
Англиски: consultation Турски: müşavere
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш