closet - онтологија

дреалник повеќе

мн. дреалници
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се чуваат дреите.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Тесен дреалник.

комора повеќе

мн. комори
Вид збор: Именка, женски род
соба, сопче, просторија
Албански: dhomë
Употреба: Архитектура и градба

мусандра повеќе

мн. мусандри
Вид збор: Именка, женски род
Голем ѕиден плакар со прегради, украсен со резба; обично за чување постелнина.
Турски: musandıra
Употреба: Архаизам , Архитектура и градба

плакар повеќе

мн. плакари
Вид збор: Именка, машки род
Вграден орман в ѕид.

серген повеќе

мн. сергени
Вид збор: Именка, машки род
Ѕиден долап, полица.
Турски: sergen
Употреба: Архаизам , Архитектура и градба