Архаизам - категорија

гаваз повеќе

мн. гавази
Вид збор: Именка, машки род
Личен чувар на лице на висока позиција или дипломат.
Англиски: bodyguard Турски: kavas Албански: truproje
стражар, чувар
Англиски: guard Албански: rojë, mbrojtës

газета повеќе

мн. газети
Вид збор: Именка, женски род
официјален весник; службен весник
Англиски: gazette

газиен повеќе

газиениот
Вид збор: Придавка
петролен

газија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Гас во течна состојба што се користи за осветлување.
Англиски: petroleum Турски: gaz

гајгур повеќе

мн. гајгури
Вид збор: Именка, машки род
ној
Англиски: ostrich

галош повеќе

мн. галоши
Вид збор: Именка, машки род
Плитки обувки за кал и за снег, направени од гума, што можат да се носат и преку други обувки.
Англиски: galoshes

гамаши повеќе

Вид збор: Именка, множина
Доколенки изработени од груб материјал (на пр. чоја) или од кожа.
Англиски: gaiter Француски: gamache Албански: dollakë
Облога на горниот дел од чевелот.
Англиски: puttee Француски: gamache Албански: kallçinë

гарамет повеќе

(едн.) гараметот
Вид збор: Именка, машки род
товар, мака
Англиски: load, toil Турски: garamet

гемија повеќе

мн. гемии
Вид збор: Именка, женски род
лаѓа, брод
Англиски: ship Турски: gemi

гемиџија повеќе

мн. гемиџии
Вид збор: Именка, машки род
лаѓар, бродар
Англиски: sailor Турски: gemici Албански: gjemixhi, detarë

главеник повеќе

ин. главеници
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се глави за работа.
Англиски: day laborer Албански: rrogëtar

гора повеќе

мн. гори
Вид збор: Именка, женски род
планина
Англиски: mountain Албански: bjeshkë

грамотен повеќе

грамотниот
Вид збор: Придавка
Што е писмен.
Англиски: literate
Што има знаење од некоја област.
Англиски: knowledgeable

гранап повеќе

мн. гранапи
Вид збор: Именка, машки род
дуќан за прехранбени производи
Англиски: convenience store

гробарина повеќе

(едн.) гробарината
Вид збор: Именка, женски род
Давачка што се плаќа за гроб.
Англиски: grave fees Албански: taksë varri

гроздобер повеќе

(едн.) гроздоберот
Вид збор: Именка, машки род
Старо, народно име за месец септември.
Англиски: september Албански: shtatori

гурбет повеќе

(едн.) гурбетот
Вид збор: Именка, машки род
Одење во туѓа земја за да се заработат пари.
Англиски: migration Турски: gurbet Албански: kurbet, mërgim

гурбетлак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Живот и работа во гурбет.
Англиски: migration Турски: gurbetlik Албански: kurbetllëk

гурбетува повеќе

гурбетуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи во туѓа земја.
Турски: gurbet etmek

гурбетчија повеќе

мн. гурбетчии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што оди на гурбет.
Англиски: migrant worker
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш