а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

месец

мн. месеци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 300
1. Секој од дванасетте делови на кои е поделена годината.
Англиски: month Српски: месец Албански: muaj Бугарски: месец Грчки: μήνας
Примери:
Декември е последниот месец од годината.
2. Период од околу триесет дена.
Англиски: month Албански: muaj
Примери:
Работата ја завршив за два месеца.
3. месечина
Англиски: moon Албански: hënë
Употреба: Астрономија
4. менструација
Англиски: menstruation Албански: menstruacion
Употреба: Медицина
Изрази
Меден месец - првиот месец во брачниот живот.