а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

огниште

мн. огништа
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1674
1. Место во куќата или место воопшто каде што се пали оган.
Англиски: fireplace Албански: vatër, zjarr
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Децата легнаа покрај огништето.
На огништето висеше котел полн со тиква.
Запали оган на старото огниште пред колибата.
2. Роден дом, родна, таткова куќа.
Англиски: home Албански: shtëpi, vatër
Употреба: Преносно значење
Примери:
домашно огниште
родно огниште
Тие ги напуштија своите огништа.
3. Место, центар од каде што се шири, се распространува нешто.
Англиски: focus Албански: fokus, qendra
Употреба: Преносно значење
Примери:
огниште на зараза
огниште на култура
4. Местото на коренот, дупката за садење бостан, пченка, компир и др.
Примери:
Седна до огништето на сончогледовото стебло.
Копаме наредени меѓу огништата од пченката.
Посадија околу стотина огништа компир.