Хемија - категорија

магнезиум повеќе

(едн.) магнезиумот
Вид збор: Именка, машки род
Хемиски елемент, метал со сребренобела боја.
Латински: (Mg) Англиски: magnesium

манган повеќе

(само едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Сребреникавобел тврд метал што се користи во металургијата, медицината и др.
Латински: Manganesium (Mn) Англиски: manganese

мед повеќе

(едн.) медот
Вид збор: Именка, машки род
бакар
Латински: Cu Англиски: copper Албански: bakër

меден повеќе

медениот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на мед (бакар).
Англиски: copper Албански: bakëri

мензура повеќе

мн. мензури
Вид збор: Именка, женски род
Сад, обично стаклен, за мерење на приближниот волумен на течностите.
Англиски: flask Турски: mezura

ментол повеќе

(едн.) ментолот
Вид збор: Именка, машки род
Лековито етерично масло од мента.
Англиски: menthol Албански: mentol

мерцеризира повеќе

мерцеризираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
оплеменување на волна
Англиски: mercerizing

мескалин повеќе

(едн.) мескалинот
Вид збор: Именка, машки род
Халуциноген алкалоид што се добива од мексикански кактус.
Англиски: mescaline

метал повеќе

мн. метали
Вид збор: Именка, машки род
Цврст хемиски елемент што може да спроверува топлина и електрицитет.
Англиски: metal Албански: metal

метан повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Безбоен и безмирисен гас, лесно запалив и експлозивен, се образува на дното на рудници, бари и сл.
Латински: CH4 Англиски: methane

метанол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид отровен алкохол којшто се користи како гориво.
Англиски: methanol

метил повеќе

мн. метили
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Едновалентна група СНЗ што влегува во составот на голем број органски соединенија.
Англиски: methyl Албански: metil

метилалкохол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Алкохол што се добива со сува дестилација на дрво.
Англиски: methyl alcohol

мол повеќе

мн. молови
Вид збор: Именка, машки род
Единица за мерење количество материја. Основна единица во меѓународниот систем (SI) на мерни единици. (симбол: mol)
Латински: mol Англиски: mol

молекула повеќе

мн. молекули
Вид збор: Именка, женски род
Најмала честичка на некоја материја, невидливо со голо око, што ги содржи оновните хемиски својства на таа материја.
Англиски: molecule

молекуларен повеќе

молекуларниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на молекула, што е дел од молекула, што припаѓа на молекула.
Англиски: molecular

молибден повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Сребренобел цврст метал што се користи во техниката за изработување специјален челик.
Латински: (Mo) Англиски: molybdenum

моноксид повеќе

мн. моноксиди
Вид збор: Именка, машки род
кислороден оксид
Англиски: monoxide
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ш