Хемија - категорија

вазелин повеќе

(едн.) вазелинот
Вид збор: Именка, машки род
Маст што се користи во медицината, козметиката и во техниката.
Англиски: vaseline

валенција повеќе

мн. валенции
Вид збор: Именка, женски род
Способност на атомот на еден хемиски елемент да се врзува со атоми на други елементи, изразена со бројот на атомите на водородот или на други елементи во тој однос еднакви со него.
Англиски: valence Албански: valencë

варен повеќе

варениот
Вид збор: Придавка
Што е од вар.
Англиски: lime Албански: gëlqerorë

варзило повеќе

мн. варзила
Вид збор: Именка, среден род
Црвена боја од тоа дрво.
Албански: ngjyr brazile

вискоза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Густа леплива маса што се добива со преработка на целулоза по хемиски пат од која се изработуваат вештачки влакна.
Англиски: viscose

вискозитет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Отпорот што го отежнува движењето на честичките низ некоја течност.
Англиски: viscosity

витамин повеќе

мн. витамини
Вид збор: Именка, машки род
Органско соединение неопходно за нормално функционирање на организмот.
Англиски: vitamin Албански: vitaminë

витриол повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Сол на сулфурната киселина.

вкисели повеќе

вкиселат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вкисели) Стане киселина.
Албански: thartohet

влакно повеќе

мн. влакна
Вид збор: Именка, среден род
Хемиска материја во вид на тенки нишки од која со обработка се добива текстил.
Англиски: fiber Албански: fije

водород повеќе

(едн.) водородот
Вид збор: Именка, машки род
Хемиски елемент, гас без боја, вкус и мирис кој е составен елемент на водата.
Латински: Hydrogenium (Н) Англиски: hydrogen

водороден повеќе

Види и: водород (м.)
водородниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува или припаѓа на водород.

волфрам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид хемиски елемент, тврд и тежок метал со светлосива боја што се употребува за добивање специјален челик и влакна за светилки.
Латински: (W) Англиски: tungsten

врие повеќе

вријат
Вид збор: Глагол, несвршен
Преврива, трпи хемиска реакција.
Англиски: ferment Албански: ziej, fermentoj

вулканизација повеќе

мн. вулканизации
Вид збор: Именка, женски род
Преработка на суров каучук во гума.
Англиски: vulcanization Албански: vulkanizim
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ш