Хемија - категорија

озон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Отровен син гас од молекули што содржат три атоми кислород; алотропска модификација на кислород кој се наоѓа во горната атмосфера каде што го апсорбира поголемиот дел од штетното ултравиолетово зрачење на сонцето.
Латински: O3 Англиски: ozone

озонира повеќе

озонираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Пречисти, пречистува воздух со претворање на кислородот во озон.
Англиски: ozonize Албански: ozonim

оксидација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Процес на соединување на кислородот со некој елемент.
Англиски: oxidation Албански: oksidim

оксидира повеќе

оксидираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се соедини, се соединува со кислород.
Англиски: oxidize Албански: oksidoj
За метал - направи, прави површинска заштитна обвивка од оксид.
Англиски: oxidize Албански: ndryshket

олеин повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Состојка што е задолжително присутна во сите животински и билни масти.

оловен повеќе

оловниот
Вид збор: Придавка
Како составен дел на синтагми во називи на хемиски легури; означува дека оловото е составен дел на таа легура.
Англиски: leaden Албански: plumbi

олово повеќе

(едн.) оловото
Вид збор: Именка, среден род
Хемиски елемент, мек и ковен сребреникав метал.
Латински: Plumbum (Pb) Англиски: lead Албански: plumb

осиромашен повеќе

Види и: осиромаши (св.)
осиромашени
Вид збор: Придавка
Со намалена концентрација.
Англиски: depleted Албански: varfëruar
Примери:
Осиромашен ураниум.

осмоза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Мешање на раствори со различна концентрација низ полупропустлива мембрана.
Англиски: osmosis

основа повеќе

мн. основи
Вид збор: Именка, женски род
база
Англиски: base Албански: bazë

отров повеќе

мн. отрови
Вид збор: Именка, машки род
Материја штетна и смртоносна за живите организми.
Англиски: poison Албански: helm

оцетен повеќе

оцетни
Вид збор: Придавка
Што е од оцет.
Англиски: acetic
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ш