cry - онтологија

доисплаче повеќе

Види и: исплаче (св.)
доисплачат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане со плачењето.
Албански: mbaroj së qajturi
(се доисплаче) Се исплаче доволно, сосема.
Албански: qaj deri në fund

завреска повеќе

заврескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да вреска.

замука повеќе

замукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плаче.
Албански: fillon të qaj
Употреба: Иронично , Преносно значење

заплакува повеќе

Види и: заплаче (св.)
заплакуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
заплаче

заплаче повеќе

Види и: плаче (несв.)
заплачат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плаче.

изнаплаче повеќе

Види и: наплаче (св.)
(се) изнаплачат
Вид збор: Глагол, свршен
Се исплаче многу.

израсплаче повеќе

Види и: расплаче (св.)
израсплачат
Вид збор: Глагол, свршен
Расплаче повеќемина одеднаш, сите што се присутни.
Албански: qaj
(се израсплаче) Се расплачат повеќемина истовремено и одеднаш.
Албански: qaj

изрони повеќе

изронат
Вид збор: Глагол, свршен
Пролие солзи.
Албански: mbush syt me lot

липа повеќе

липаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Плаче гласно, cилно.

мука повеќе

мукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
плаче
Албански: pëllas, qaj me zë
Употреба: Преносно значење

налипа повеќе

(се) налипаат
Вид збор: Глагол, свршен
Липа подолго време, до заситување, до премалување.

наплаче повеќе

(се) наплачат
Вид збор: Глагол, свршен
Се исплаче многу.

плаче повеќе

плачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лее солзи од болка, жал или радост.
Албански: qaj
Плаче за нешто (кога ќе се поклопат нештата).
Албански: qan
Употреба: Преносно значење
Плаче за нешто (кога некој заслужува некоја казна).
Албански: qan
Употреба: Разговорно
За невоодушевени предмети.
Албански: qaj
Употреба: Преносно значење
(се плаче) Ми се плаче.
Албански: qaj
Употреба: Безлично , Разговорно

плачка повеќе

мн. плачки
Вид збор: Именка, женски род
плачење
Албански: të qarë
Жена или девојче кое многу плаче.
Албански: qaramane
Употреба: Разговорно

поплаче повеќе

поплачат
Вид збор: Глагол, свршен
Плаче малку, некое време.
Албански: qan pak

порони повеќе

поронат
Вид збор: Глагол, свршен
Пролие солзи малку; поплаче некое време.
Албански: qaj pak

приплаче повеќе

приплачат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плаче малку, кратко време.
(ми ти му ... се приплаче) Одеднаш добие нагон за плачење.

прокапе повеќе

прокапат
Вид збор: Глагол, свршен
Заплаче, пушти солзи.
Албански: loton, qanë

проплаче повеќе

Види и: плаче (несв.)
проплачат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плаче одеднаш.
Албански: fillon të qaj
Поплаче малку, кратко време.
Албански: qaj pak

пушти повеќе

пуштат
Вид збор: Глагол, свршен
се насолзи, плаче
Албански: qan

расолзи повеќе

расолзат
Вид збор: Глагол, свршен
(се расолзи) се расплаче
Албански: qaj
Примери:
Се расолзи стариот.

расплака повеќе

Види и: расплаче (св.)
расплакаат
Вид збор: Глагол, свршен
расплаче
Примери:
Расплакала девет мајки.

расплакува повеќе

Види и: расплаче (св.)
(се) расплакуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расплаче
Примери:
(разг.) Расплакува дете во мајка.

расплаче повеќе

расплачат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да почне да плаче.
Албански: bën të qaj
(се расплаче) Почне да плаче; почне многу да плаче.
Албански: qaj fort

расплачува повеќе

Види и: расплаче (св.)
(се) расплачува
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расплаче

реве повеќе

реват
Вид збор: Глагол, несвршен
Плаче многу силно, лелека.
Албански: qaj
Употреба: Разговорно

ревнува повеќе

ревнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Од ревне, заплака.
Албански: qaj

солзи повеќе

солзат
Вид збор: Глагол, несвршен
плаче
Албански: qaj
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Доста солзевте.