реве
реват; реви, ревете; ревев, ревеа; ревел; ревејќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 9143
1.
За некои животни - издава силен рев.
Примери:
Се слушаше како реват магарињата.
2.
Громко пее; вика, креска силно.
Примери:
Пеј убаво, немој да ревеш.
Доста ревевте вие таму.
3.
Плаче многу силно, лелека.
Примери:
Децата реват, мајките коси кубат.