исплаче
Види и:
плаче (несв.)
исплачат; исплачи, исплачете; исплакав, исплака, исплакаа; исплакал; исплакан; исплачев, исплачеа; исплачел; исплачен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10175
1.
Излее, преточи чувство во солзи.
Примери:
Ја исплака сета тага што ја носеше во себе со години.
2.
Изжали, истажи некого.
Примери:
Го исплакаа уште пред да дознаат што се случило.
Слично со:
истажи (св.)
3.
Спонтано престане да плаче, остане без солзи од многу плачење.
Примери:
Веќе не плачеше, ги исплака сите солзи.
4.
(се исплаче) Спонтано престане да плаче.
Англиски:
stop crying
Албански:
ndal së qarit
Остави ја нека се исплаче.
5.
(се исплаче) Раскаже некому за своите проблеми, се изжали пред некого.
Примери:
Таа немаше пред кого да се исплаче.
Слично со:
изжали (св.)
Изрази
Ги исплака очите - многу плачеше.
Изведенки
1.
исплакува несв.
(се) исплакуваат
(се) исплакуваат
2.
исплакување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
исплачува несв.
(се) исплачуваат
(се) исплачуваат
4.
исплачување ср.
глаг. им.
глаг. им.