а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

проплаче

проплачат; проплачи, проплачете; проплакав, проплакаа; проплакал; проплакан; (ќе) проплачев, (ќе) проплачеа; (ќе) проплачел; проплачен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 16267
1. Почне да плаче одеднаш.
Англиски: cry Албански: fillon të qaj
2. Поплаче малку, кратко време.
Англиски: cry Албански: qaj pak
Примери:
Проплака малку, па кога виде дека нема фајде, престана.
3. Помине со тешкотии, со маки некое време.
Англиски: suffer Албански: vuaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја проплака младоста.
4. Се најде во тешка положба.
Албански: qaj, vuaj
Примери:
Проплака цело село од него.
Изрази
Дете во мајка проплака - од големи неправди, терор, угнетување симболично дури и неродените плачат.
Изведенки
1. проплакува несв.
проплакуваат
2. проплачува несв.
проплачуваат