јаве (ср.)

— Тој и деца ќе накоти, ти ни на јаве, ни на соне не можиш да го заборавиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А јас не сум ограбен, само сум го сонувал тоа. Сон. А ова? Јаве?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Војник, капетан? Не, само хирург, а сонот го одрекува јавето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не знаеше од кај доаѓа, од сон или од јаве.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ја гледа Глигор и не знае сон ли е или јаве.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И знаеја сега сите дека црвениот лав на сонцето ќе биде мртов до крајот на тоа лето, и на јаве, и во сонот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тогаш пак го слушна довикувањето што беше вистина, што беше јаве.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Најпосле го пробија, откорнаа еден камен-два, а потоа полесно почнаа да ја прошируваат дупката и да навлегуваат внатре; кога го пресекоа ѕидот на онаа висина на која удираа, тој се урна, а со него и оној дел од покривот што лежеше на него, откинувајќи се исто онака како што Бандо го виде во сонот; и сега, гледајќи го повторно тоа паѓање, не знаеше дали е ова на јаве или повторно сонува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Меѓу илјадниците ѕвезди, бубачки, тревки, луѓе запомна само име – две; Меѓу илјадниците скриени во јавето, цветањето, молчењето, стравот, сонот препозна само глас – два; Меѓу илјадниците расфрлани низ жетвите, раѓањето, плодовите, луњите си одбра само боја – две; Меѓу илјадниците што патуваа, одминуваа, се криеја, разболуваа си одбра само жена-две; и уште нешто-две, И толку.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во јули застанат во вашиот двор да ја кренам раката наспроти сонцето и внимателно движејќи ја низ воздухот да се одрзува сенката на секој нејзин потег како оган што да го нагризе ѕидот сѐ дури мислата на тој цртеж не се вглоби во душата на каменот сѐ дури среде ова болно јаве на животот ѓаволски убава одново не се покажеш ти наведната како му ги замиваш раните на вашето болно ждребе и гледаш на мапата на неговата засушена крв пат што скршнува кон вилински езера и коњ на патот што `ржи самоти ѕвездите и стебленце бела бреза што се ниша над младичот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Еба му газникот на животот, вели, кога не знаеш кај живееш: на сон или на јаве!.. - Ај, не јади многу раноклек!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ни се привидуваше и во сонот и во јавето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Значи сум сонувал дека не гледам, вели, и излегува дека она што го сонувам е јаве, вели, а ова што е вистина е сон.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Молчеше, зашто случката не ја виде на сон, туку на јаве: од поодамна Богуле знаеше дека жена му на Андро, Андрица и Оруш варџијата почесто се состануваат скришум во варницата која повеќе денови стоеше топла.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не треба да се претерува со такви нешта, зашто има опасност да почне да не разликува сон од јаве... да ги меша...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Мораш со отворени очи да спиеш: и сонот и јавето да си ги гледаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Заборави го, вели Оливера Поточка, може некој сон да ти дошол на јаве.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе одберат некое помазно парче момирок и ќе напишат: ,Бидете здрави и поздравени". ,Чувајте се за нас, ние копнееме за вас". ,Ве мислиме како свои жени". ,Ако ве среќаваме на сон, зошто да не ве сретнеме и на јаве".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа е некоја посебна доба во која грдоста и убавината се искинати и измешани, потоа врзани како алки на синџир, доба кога на човекот, стиснат во лушпа на треска, му е сеедно дали е во окното на сонот или на јавето, или најпосле, лежи помеѓу нив како меѓа на која 'рти од коренот на минатото една сегашност, секако поинаква отколку што тој можел да ја замисли.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Видовитиот носител на знамето на стравот, оној Дмитар-Пејко што не ги познавал границите на сонот и на јавето, наеднаш брзо-брзо им го опишал чудовиштето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе