фат (м.)

Имаме урамнотеженост и нежен фат.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Се напрегам да им ги видам лицата на луѓето кои се како под превез, нивните судбини се ломат под фатот од моите прсти како иструлени парчиња од гранка на дрво.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Има тој човек чудесен фат, смисла за склад.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се почувствува фат на човечка рака и, благодарноста на бавчата што ѝ пружам нега и што ја избавувам од заборавот, што ја враќам во живот, ми се искажуваше секој ден.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И беше со добар фат! Како да работела в болница, толку добро знаеше да ги среди раните“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Да, тој. Има рака со фат и душа што сака да каже нешто. Не знам што. Не знае ни тој, сѐ уште.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Навистина жалам дека не сум вешт во резбарството; немам фат за да дотерувам и да создавам форми од кои на штотуку одомените домаќинки на нашите новородени големци ќе им застанува здивот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пријатно е кога ја имаш среќата за прислужничка Но таа е и тежина, цврст фат ти треба! И умешност.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Старецот се сметаше себеси за среќник Бидејќи му се измолкнал на фатот на судбината.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Што се однесува до постапките на Раде кон мене, одамна имав заклучено дека се однесува со внимателна наклонетост, иако, според неговите сфаќања, ние, луѓето од перото, бевме претставници на некоја чудна фела, недоволно дефинирана во ставовите; млитава во односите; недозволено либерална во постапките, и тоа токму во моменти кога ни бил потребен поцврст фат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)