фатален (прид.)
Кога ти, Арсо, ќе се ослободиш од твојата фатална хуманост?
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Татко ми сметаше дека следењето на патот на политиката за да се извлечеме од бедата на семејството би бил погрешниот, фаталниот чекор.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Постојат неколку вида кои изгледаат идентично со Liberty Cup и кои можат да бидат фатални и во помали дози.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Оние нормални ерекции во сонот се сметаат за посебно опасни, бидејќи можат да предизвикаат фатален напад...
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Напуштеноста е фатален ефект, стапица во која луѓето упаѓаат благодарение на својата непромисленост и верување во илузии.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Беа разработени варијантите за запечатување на мојата судбина токму на фаталната граница.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А мене, еве ме излезен од спиралата на татковиот егзил, во фаталната проверка на една од постојаните илузии на бегалските семејства дека враќањето од егзил постои.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Имав запишано, а тоа овде го разбрав подоцна, за моја фатална и непростлива грешка, дека Албанците најмалку што треба да направат за Фаик Коница е првин да ги пренесат неговите посмртни останки во земјата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но, некогашниот прекин беше фатален...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Стаса фаталното Информбиро. „Се скараа” Тито и Сталин.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кривата на траењето на владеењето често излегува од орбитата на историјата, предизвикувајќи фатални последици...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во капитализмот, обидите за итра добивка (во случајов, зголемување на бројот на жители за кои ќе се плаќаат такси без никакво вложување) сепак не можат да се сметаат за нечија фатална грешка, зашто, во спротивно, не ќе постоеше брзиот и лесен пресврт на капитал…
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Како еден од најупотребуваните се смета џиткањето од зграда кое секогаш завршува со фатални последици освен доколку не намеравате да се фрлите од понизок кат па наместо да ја исполните намерата која сте ја замислиле, да се каете што сте останале инвалид со скршени нозе и ребра.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ете, успивањето може да биде со фатален крај. Затоа најдобро е очите да се држат отворени.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Мислите ми се деформирани, презирам, сакам, проколнувам, простувам, заборавам, зошто чувствата се неменливи, фатални и опскурни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)