фатално (прил.)

Којо Пипиле кога дозна дека ќе се венчаат, му рече да не ја зема Марија за жена, зашто во неa има нешто кобно, фатално: досега ѝ умреле неколку мажи што ги имала. А пред да ја земат биле здрави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Судијата го прашува зошто ја остава, а тој му кажува дека таа е причината што тој се разболел, дека има нешто фатално во неа; пред да ја земе бил здрав како челик, никогаш, од дете, не бил болен...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тоа борење за мене беше фатално, до утрината целата долна облека што ја имав беше натопена, не заспав воопшто.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Затоа другари влевањето на нова река во Езерото ќе биде фатално!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Имаа судбина на разлики, а фатално се оддалечуваа од нив верувајќи дека определбата кон посебноста, под влијанието на другите, ќе ги спаси, ќе ги одржи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Колку многу имаше фатално навестување на смртта во стиховите на Махмуд Дарвиш: Го оставам срцето во долапот на мојата мајка која го оплакува времето што нема да се врати!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој не се прослави, влезе во клинчот на внатрешните односи, односно фати страна во борбите за наследство на Бургиба и подоцна тоа се покажа фатално за неговата кариера.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тие точки на разлеана пепел по страниците, од некогашните занесни читања и заборавно сеење на пепелта од пушените цигари врз хартијата, можеше да се наслутат и трагите на неговото верување во повеќекратниот идентитет кој Балканците фатално го носат во себе, но којшто упорно го одрекуваат една или повеќе од неговите компоненти за да дојдат во конфликт првин со себеси, па потем и со другите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За да ја заведе својата невеста до местото каде што работеле ѕидарите, тој се преправал дека бурмата му паднала таму и, кога таа застанала таму и нејзината сенка паднала врз темелот, ѕидарите бргу ставиле малтер и го размачкале и врз него го ставиле бетонскиот блок, знаејќи во своите срца дека тоа е фатално за нејзиното живо тело, исто како да ја заѕидале жива.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој, на 13 март 1944 година, го известил Пуриќ дека конгресменот Безби зборувал во Конгресот на САД, предупредувајќи ги членовите на ова претставничко тело дека е важно американскиот народ и Владата да слушнат кој е Михаиловиќ пред да се донесе одлуката во Лондон што „може фатално да ѝ наштети на неговата извонредна работа, која од почетокот им користи на сојузниците“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)