оче (м.)

Затоа, да биде блажена твојата уста, о блажени оче Кириле, од неа на мојата уста се источи духовна сладост.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
– „Аман, оче дуовниче, те молам, земи ме и мене со тебе на аџилак, за да се сторам и јас еден аџија, да и да умрам да не жалам“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не ја разбирав смислата на молитвите и своеволно ги изопачував чудните, неразбирливи зборови - Оче наш, иже јеси, Стане беси.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тазе поповите се познаваа како мариовци уште од порано, та бидејќи поп Илија се наоѓаше во „грчки“ центар — во Битола (што му даваше кураж), колку го сретна Пројчета во тесното уличе пред дуќанот на Мушона Евреинот и Ристета бѕовиќанецот, застана пред него и почна да го навредува и предизвикува: — Оче наш, прчи паш, вати мачка за опаш . . .
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поп Петко си го поклопи цело Витолишча и кај него ништо не се измени. „Оче наш“, „Свјати боже“, „Господи, помилуј“, останаа истите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Среќен - несреќен ти роденден - нероденден, свети оче.“ Беа пијани.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Сѐ беше тихо, сирените не ги повикуваа луѓето да станат кртови... Сфаќаш ли, оче Симеоне?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Малку химни има, оче, за рацете, многу малку.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Разговорот воден на каурски јазик и средбата на Анѓа со Ангелета ги окуражија другите сужни и сите му заблагодарија на господа што ќе им помогне на овој начин; дури и оче наш го прочитаа во себе тие што го знаеја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Нека е на помош света Богородица – благослови калуѓерот и си го затвори тефтерот, па божем некако загрижен за овие добри рисјани што дадоа олку жито за Богородица, запраша: – Е, што мислите да правите ако ве нападнат пак Агарјаните? – и си го кладе тефтерот во торбата со имињата на водачите на бунтот. – Што мислиме, ние рековме, оче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не можеше да се скамени, да стане сурово молчење во себе, зашто ако сакаше да го убие својот бог ќе мораше да го стрела своето небо, тоа црно пространство под татарски голото теме, ќе мораше да го уништи разумот, сеќавањето, а оддалеку, од едно време оставено зад грбот, му се клештеа призраци - Оче Симеоне, не откажувај се од себе или удави се во буре со ракија и стани заборав.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Лицето на хирургот беше тврдо. Тој кловн секој ден оди на својот погреб, Оче Симеоне.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сонот го влечел кон прекрасните длабочини на несуштествувањето. - Расони се, оче, сети се.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бог и мир со тебе, оче Иларион. Амин.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа секој ден, откако ќе се измиела, откако ќе ги тргнела пердињата од очите, влегувала во Телото Исусово, за да си ја успокои душата, за да се освети и просветли, повторувајќи молитви искрено, чисто, простодушно: Господи, Боже наш, Ти кој си на небото, Создателу на земјата и на сета твар, Ти кој гледаш сѐ и си милостив и си жалостив и си справедлив, спаси ги душите на народецот наш и мојата молба услишија, ангел стори ме, во ангел престори ме; Господи, Оче наш. Алилуја.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој знае дека Митра се лути, а и мајка му, кога не се прибира навреме дома, а најмногу му се лутат што оди сам на реката, само тој не може да ги слуша како постојано зборуваат за умната, убавата, стројната Пела на тетка Пелагија која веќе ги знаела сите букви, ги знаела и приказните за сите светци (мајка Перса ја учи като даскалица!), а и молитвите ги пеела како поповите во црквите и Чана, неговата мајка ја кажува Оче наш, ама со свои лафови ( Оче наш кој си на небту да ти свети имту твое да ни доа царството твое и как сакаш ти т'ка нека е как на небтту т'ка и на земната лебут исушен да ј ни гу вадин плати ги долговите наши как шо ги плајќаш и на тиа шо ни са должни и не на пикај у гревуви истерај гу ѓаволот), ете оваа молитва и други ги пеела Пела исто како да е поп!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тодора разочарано олцна, а детето ја клоцна: „Дали ќе е така баш најдобро, оче?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Мил, оче”, рече Тодора со умилност за приказ, „сум дошла кај тебе од што една мака ме мачи, мака што не смеат ни моите блиски да ја знаат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Туку сега, оче, јас сум во твои раце.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе