очекуван (прид.)
СЛУГАТА: Толку очекуваниот ден дојде! Јас здрав и жив го дочекав.
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
СЛУГАТА: Ако сакаш да учествуваш во долго очекуваниот ден на пресметката со непријателите?
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Ниеднаш не пожелеа ништо, сето го чуваше за себе, дури ни за сето време, додека гледаше како му се отвора пред погледот таа очекувана долинка, на чиишто млаки помисли уште првиот миг, кога го пронајде дирата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Па сепак тоа нешто расипа во очекуваниот редослед на средбата.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Утрото тој пак се огласи со еден истрел, но очекуваниот одговор од зад Гола Глава не дојде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Наместо очекуваниот гром, наместо веќе познатата постапка, тој само праша: - Зошто си крадел, Кејтенов сине?
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Бранот ми ја донесува очекуваната, сепак ненадејна слика – и додека се препознавам во неа, јас знам дека си играм, играм и уживам во слатката несовршеност на постоењето.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Со страв очекуваното вжештување на жолтата боја во чиј сјај просто не можев да гледам стана сеќавање со самото тоа што тоа заслепување го очекував.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Се донесе привремено решение козарите да се сместат заедно со козите во предвидените куќи и станови, а проблемот со козите да се решава во согласност со очекуваните инструкции од повисоките партиски органи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Земјоделските и сточарските задруги не ги дадоа очекуваните резултати.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Најпосле се слушна очекуваниот плач, и веднаш ни олесна.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Можното отсуство на очекуваната реакција во комедиите режисерите го испреваруваат со пуштање на „вештачка смеа“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Секако, нема гаранција дека тој процес е секогаш непогрешлив, и дека интеракциите со објектот ќе бидат онакви какви биле очекувани.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тие прецизно се поклопуват со очекуваната фрактална дистрибуција.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Сепак, тоа беше желно очекуван настан.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во сонот, тие сонуваат друг сон - саканата и очекувана реалност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Виде не виде, без очекуваната реакција, продолжи: - Ги градеше нашиот народ овие бункери со големи лишувања, но и со жртви.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
VI Најпосле се случи. Очекуваната порака пристигна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Единствената сигурна работа беше дека смртта никогаш не доаѓа во очекуваниот момент.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Долго очекуваниот куршум влегуваше во неговиот мозок.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)