цигара ж.
цигаралак м.

цигара (ж.)

ПЕТРИЈА: (Со цигара во устата, витка друга.) Сите тргаат тутун само кумот нема цигара.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: И отрувачка да ми дадат, да земам! (Ја зема цигарата, скришум го кине врвот и повлекува, се накашлува.) Тхи, тхи, тутун. Ѓубре, труе! ПЕТРИЈА: Малку е серт, куме.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
МИТРЕ: Не знам богами, ама страшна пара донесол! (Зема цигара од табакерата која Анѓеле ја има оставено на миндерот пали и пуши, рашетувајќи се по собата како не токму во умот).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ПАНДЕ: (ја зема кутијата и правејќи цигара).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ИЛИЈА: Добро си направил (му дава кутија со тутун да направи цигара и потоа го чита писмото).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Баждар ја извади цигарата од уста, плукна и се заврте кон нас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој го чувствуваше тоа и одеше полека со високо дигнати раменици и цигари в уста.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Момчиња, имате ли за стрико ви цигара?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Ете, такви сакат царката наш! — ги фали Чатлакот доброплатците и им го дава ќесето со „биринџи" канатларски тутун да направат по некоја и друга цигара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Иако не пушат, муштериите земаат по една „господска" цигара и зачуруваат, а Трајко Сукала веќе и бурмут тргна во носот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И веднаш ја вади кутијата со „Зета" и им нуди по цигара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Својот подарок го става таа во рацете на молчеливиот борец и се врти кон дамкавиот партизан; тој некако завиткал тутун во парче од бугарски пропаганден леток, па сега очекува да мине некој со запалена цигара.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дом во кој килимот е нагорен од падната цигара.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
До твоја цигара ли ми дошло! И удира, и со раце и со нозе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Зашто убаво се гаснат цигарите во месо.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Свири“, рече и го изгасна остатокот на цигарата во празната чаша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не ја извади запалената цигара од уста и гледаше пред себе во блокот и во него, редум, сѐ додека не му ја разбранува лутата крв што се качуваше од нозе: ги напнуваше градите, го гушеше, удираше со глава и го ослепуваше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Посува и поковчеста отколку што ја знаеше потсетуваше на стара и строга мома од литературата на деветнаесеттиот век и беше вистинско чудо зошто не креска кога говори туку има мек и по малку тажен глас натопен со збунетост. „Вистина е“, му рече. „Јован е на лекување.“ Отец Симеон се наведна гмечејќи ја допушената цигара со врвот на својот чевол.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отец Симеон ја извади цигарата од уста и се потпре со гради на масата. На челото, под темнината кожа, му набабреа пијавици, јаки жили полни со горка врелина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Виде на една врвица двајца како палат цигари и се задржа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе