столчи св.
столче ср.

столчи (св.)

АРСО: (Како да го сожалува.) Е, ама ќе ја држиш чашката дури не се испразни, зашто таа сирота, си нема столче, ѝ се окршило.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
МАРА: (Ѝ подава на Депа столче). На, на ова ти седни, а маживе нека си седнат на земја.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Само така те сакам и те зимам, инаку, кажи ми отворено и јасно: за мене ќе се мажиш или за некој околу мене? — И стана од столчето, се приближи до нејзиното.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но затоа пак него го фатија Шаќировци и Ѓуровци во Рапешко и место да го стрелаат или колат, му ја столчија главата со камен — како на змија осојница.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста, и без таа покана, го прибираше столчето и седна до светелникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се симнува да си купи тага од улицата За да ја успокои својата утроба И расплаканата кукла на столчето.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Во познатиот тунел на улицата најде пред нејзината куќа дете на сламено столче и со дрвена сабја на коленици.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Митко го зема ниското столче и се наместува зад печката, до ѕидот. Тука е топло и пријатно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Покорно, дури со молба (во очите трепери солза) стапнува на столче, ниско само три педи, колку да се затегне јамката и колку да допрат одвај врвовите на прстите до подиумот...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Па, кога попладнето дојдоа дома, уште не го ни слече палтото, тој се поткачи на едно столче и – чуп! – седна врз масата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но кога ќе ми беше здодевно да цртам и да ја ггрелистувам сликовницата, ќе седнев на столчето и ќе разговарав со кучето Роско.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Домаќинот ги остави голашите прекршени на две во огништето и кога седна на столчето крај софрето, таа молкна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Поручекта, братучедите седеа молчејќи на гредата под тремот, а Чакарвелика на столчето среде дворот пак со плеталото си ги печеше коските.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— Море ми кај си, свети Јоване, шо те нема волку време? — го праша руса Миша и веќе му подава столче и му ја зема торбата од рамото, во која Толе ги донесе и за неа подароците како за Проќа во Ал-Шари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој те праша тебе, кој ти се плаши? — почна да вика сега татко му и со сила го наседна на столчето баш на кое седеше Адем.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со притаен здив чека да види дали ќе се отвори портата и кој ќе излезе од неа, а кога таа се отвора и на Градишки Пат излегуваат Васил Митрески, Недан Бозоски, Цветан Ендоски, Стеван Ѕвездакоски и заедно со нив и Максим (тој во едната рака носи долга тутурка од книга а во другата дрвено троножно столче, исто такво какво што донесе Јосиф) и кога и тие се завкачуваат пругоре по Зедница, зазорот се претвори во треска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога Васил ги наредува камењата на ќошевите на раздиплената тутурка и кога тој седнува на тревата покрај неа, Максим се исправа на столчето; исправен така на столчето на другите им прави место да можат да се доберат над раздиплената тутурка и да ја разгледаат одблизу.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едниот дел на таванот беше подреден со книги од татко му и предмети што преостанаа од лабораторијата, масиче за читање и пишување, троножно столче, сламена постела за лежење, фенерче обесено на гредата, чоколадни сликичиња на глумци закачени со патенти по гредичињата, големо огледало од подот до покривот, потпрено до еден дирек, кое најмногу и го привлече вниманието на Злата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Повеќе