столче ср.
столчи св.

столче (ср.)

На подот рогузина. На десниот ѕид долапче со чинии, под него стар ковчег. Неколку триножни столчиња. Бедно, но чисто.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Долу, под нив, поредени покрај ѕидот ноќви, стар ковчег за алишта, куфер, јорган завртен со спаѓа, торба со леб, неколку стомни и едно ѓумче со вода и леѓен. Напред неколку троножни столчиња.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Плахо се приближи до столчето и седна на крај, не осмелувајќи се да рече ни збор. – Па што има ново? Работата – врви !
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А седнете, седни, мори мустро, шо се плашиш? — и ѝ подаде столче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Заѕидано дрво во ѕидот сугурци — завиткана коса — локни на српски тагар — сад за брашно како ситото и решетото што е само неиздупчен таим — следување, оброк на војниците такам — 1) руба, 2) спрема за куќата, за добитокот итн. такцир — несреќа татки — понатака тезгере — направа за фрлање ѓубрето од дома тек лав — пререкување теклив — забелешка. Не ти фаќам теклив — не ти правам забелешка текна — се сетив тешка (жена) — бремена тизап — киселина за вапцување тисов — столче од тисово дрво.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На машкиот кат не се оставаат никакви предмети, освен троножните смрекови или тисови столчиња на кои седат домашните и гостите, доколку не седнат на билото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Околу масата стоеја наредени столчиња, на средето од собата се наоѓаше црниот стол на кој седеа обвинетите, а крај ѕидиштата миндери за мезличарите и други пријатели или службени лица.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Поштарот седи на сниско столче крај вратата и гледа само вода мирна, светла, раширена без граница и крај.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа сите излегоа надвор, па почнаа да пеат и да играат, а кога одново требаше да седнат на своите малечки столчиња во собата, Зоки пак си седна врз својата масичка. Ова на Зоки многу му се допадна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но, кога влегоа во големата соба со многу столчиња и масички, и кога сите деца седнаа на своето столче, се виде дека за Зоки нема празно место.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Голем да пораснеш! - му рече старата, му подаде столче да седне и праша: - Од далеку идеш? - Од Мацково, дури од Караорман - одговори Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Прозорците во белата соба, во која имаше две столчиња и едно масиче, беа високи.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Една вечер, додека седеа пред шаторот на ниски столчиња и ги бележеа резултатите од денешните ископувања, инженерот Александар праша: - Што велиш, да испратам по Елена? Доктор Коста ја крена главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ех, - рече Методија, земајќи столче и приближувајќи се кон огништето да седне до огнот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И сопчето, во кое се живееше, во кое имаше две ниски легла од двете страни на огништето, беше натрупано со разни чисто килибарски предмети: качиња, бутим, дрвени паници, буклиња, ниски триножни столчиња, разни грнци, сито, решета и што ли не.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го остави послужавникот на столчето блиску до вратата и дојде до масата прво да се поздрави со гостите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога го виде на малото столче до своето легло кошничето, Елена извика: - Леле, јаготки! Од каде, тато?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја сместија војската со азите и коџабашијата заедно и секаде виде како жените се растрчаа да готват за војниците; им ги симињаа раниците; им подаваа столчиња да седнат им го валеа огнот да се разгреат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од софрата станаа жена и две деца и им подадоа столчиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Самата мисла дека на ова столче седеше Адем, Толета уште повеќе го разлути и почна да подрипнува од него, небарем на магарешки трње седна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе