седумнаесет (бр.)
Силјан беше многу гален и од татка и од мајка, чунки од многу синови Божинови само Силјан беше останал жив, та од тоа беше гален многу и беше го ожениле уште на шеснаесет години и на седумнаесетте години му се роди на Силјана едно дете машко, му го викаа Велко.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Излегуваат и се водат за рака како младенци од седумнаесет години! И Доста се ослободи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тие ги исфрлија сите работи за кои мислеа дека се непотребни и така даровите слегоа на еден кожув, дванаесет рала чевли, седумнаесет разни шамии и шамивчиња, седум крпи за лице, два минтана, четири минтанчињаа, две капи, пет тулбени и две градски кошули за некои братучеди од Тиквеш коишто носеа градски алишта.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Најстина сум мал, сега завлегу во седумнајсет, токо ја и ошче помали и татковци се сториа и пак ич гајле не му е, — и Крчо ја исправи главата, што му беше наведена уште од Достаната навреда.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тоа може да го почувствува само суштество од седумнаесет години кое тукушто се разбудува од детскиот сон.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Меѓу другите сиромаси што ги собра Мефаил од Дуње беше и Андон Волканоски, сирак, без мајка, без татко уште млад — на дваесет и пет шест години но затоа удомен уште на седумнаесетте, та имаше веќе четири-пет ситни деца, како од вреќа истурени.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Катето поцрвене кога му намниса за мажење, ама нели е женско и веќе во седумнаесет години, тоа знае дека така треба да биде.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Чанга живо продолжи: – Си било едно семејство со три деца и седумнаесет кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кога стигнала забраната, прво тоа било земено на нишан. Седумнаесет кози! Идела комисијата и секој ден уништувала по една коза.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се вршеа пресметувања, беше измерувана температурата, срцето беше исечено на седумнаесет делови, црниот дроб и бубрезите беа располовени.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Со нагласени големи букви се изнесува и еден податок на Волтер од неговото време: „Религијата го чини човештвото седумнаесет милиони човечки жртви, еден милион секоја година!“
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
На седумнаесет години тој станал претседател на Окружниот одбор на јуниорската Антисекс лига.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Имав седумнаесет години, Луција исто така; одев со неа во трети клас и зад себе имав речиси три години безуспешно додворување; седеше токму пред мене.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Како и да е, со Земанек живеевме онака како што можат само да живеат двајца младичи на седумнаесет години, оти тоа никогаш веќе во животот не се повторува; има човек и натаму одлични другари во животот, но заедно со првата љубов, оди и првиот другар.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Таа друга уметност, која одбива да се декларира како народна е „културолошко труење со предумисла“ и е производ на бољшевизмот и тоталитарниот комунизам (што можеше Луција да знае за бољшевизмот и комунизмот со своите седумнаесет години, кога имала само единаесет години кога се урна комунистичкиот режим?).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Еднаш, сигурно имав преку седумнаесет години години, а таа имаше петнаест, си купила костум класичен, чевли, кошулка спроти костумот и сѐ друго што ѝ требаше.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Останав со мајка ми, со сестра ми Аспасија, која на седумнаесет години се омажи во Лерна, и со брат ми Лазара, роден три години пред мене.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Не кај очувот, кај што се преселија кога веќе имаше седумнаесет години, туку малку подалеку од центарот, во оние споредни улички, во куќата на дедо му.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Кога се сврте кон неа и ѝ се насмевна, во синилото на очите му засветка онаа возбуда која човек ја чувствува само еднаш во животот, на седумнаесет години.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Додуша, беглер-бегот е водач на сите главатари, на субашите, на кадиите, тој има под своја власт седумнаесет војводи, а секој од нив со своја дружина од илјада и петстотини коњаници кои тој самиот ги плаќа и ги води во бој на свој трошок.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)