седумнаесетгодишен (прид.)
На болничарката, седумнаесетгодишно девојче, ѝ го врзав ѓемот за рака и тргна таа да го однесе во лазаретот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Моето тело гореше како што може да гори телото на еден седумнаесетгодишен младич, и како што, за жал, веќе никогаш понатаму во животот не копнее по друго тело.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Го гледам моето седуманаесетогодишно дете и ми се стори како преку ноќ да порасна и да стана вистински маж, испотен и задишан, непрекинато ги носи предметите во подземната просторија и ги засолнува.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Тетка Клара,“ рече најстариот, седумнаесетгодишниот Густав. Не ја помести ниту името, ниту познатиот глас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)