рај (м.)

А тие кои имале грехови, пак се покајале, блазе на них! Они ќе да се со правите у рај.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Ти брзаш,мој сине,да земеш венец од лаври во крајот на блаженства,кај што не се знае болка и време, каде што таму, во рајот, од приказни можеш да сретнеш задоволства толку ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите, продолжи повтор за него — „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи господ во рајот го пратил; неизмерни сласти му нуди; и само плачејќи душата ти му ја матиш, бидејќи тој падна со своите, бранејќи ја со нив херојски земјата мачна, а не како злосторник кого Темида го гони, фрла во јамата мрачна, и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен, не како удавен в браној, и не како жена што потајна болест ја јаде, — туку од јуначки рани . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Бојана ја стисна Суловата рака во двете свои раце и Суло се најде во Мухамедовиот рај од задоволство.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И затоа тој го напуштил тој „божји рај" — Света Гора, и ете го, си дојде да ја исполни заповедта од „сајбијата" од кладенецот Илинец во Сталевата нива сака да му се направи меќани манастирче и дека ќе му направи многу зло на селото, ако не му помогнат во оваа работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сонуваше ли рај и ангели во проѕирна свила?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мухамед ќе го побара во своите ќитапи ќе види дека таков Турчин нема родено на земјата, та ќе го напади; не го пушта во неговиот рај.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие така беа воспитувани: колку повеќе неверници ќе погуби Турчин, толку поубаво место ќе добие од Мухамеда во рајот. Секој си одеше со својата сметка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Суљо падна со стотици свои другари и сега се наоѓа кај големиот пророк во рајот, но јас ве викнав денеска да ве замолам за една работа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Катето служи, бегот пие, оканицата се испразни; по неа и друга дури бегот не се пресели во рајот, та почна да си игра со Катето како што му заповеда коранот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Бев на небото, со ѕвездите, во светлите градини на рајот, паѓав во најдлабокото, во најтемниот пекол.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се преправаше како вистински да се преродил, како вистински да се нашол во рајот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Драги мој! Верувам дека е рајот нешто пријатно, но сметам дека благонаклоноста на народот не е нешто помалку сакано и дека не се мами тој кој се жртвува за неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За да се ослободиш од него, ќе мораш да најдеш адамово дрвце и да гризеш во него како што тоа го правела змијата кога останала сама по протерувањето на Адам и Ева од рајот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А најмногу во нивната спална, та кога ќе зацрцореа, им се чинеше дека се наоѓаат во вистински рај.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На небо, вели Атанас, сите воскреснуваат, кој во рајот кој во пеколот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На спиење ме тераше јадот што немав доволно пари за да заминам за Хавајските Острови за кои што слушав дека бил рајот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Хорот: Секоја представа има свој крај но во крајот и почеток е знај особено кога е нај како во нашиот рај ...или можеби вака Истиот распоред, истата боја. св. Јован, облечен во својата избледена талкачка облека, влегува, носејќи црвен грамофон.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
За награда, го искачиле во рајот.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Повеќе