Рајна (име.)
РАЈНА: (Донесува пагурче со ракија и му го подава на Јордан). На!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Тетка Рајна гледаше со очекување во мене.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тетка Рајна сигурно поретко ќе доаѓа, татко ми и јас ќе имаме помалку заеднички работи во куќата, ќе бидеме помалку ангажирани во домаќинските работи.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тетка Рајна не пречека со поставена маса за ручек.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Таква е сета Рајна, иако е преполовена со шлемови, иако покрај неа има фабрики, градови, иако е без пасторална глетка, сепак во неа има романтика и затоа и денес, како некогаш во приказните, го очекува со загатка секој оној што ќе мине покрај нејзините брегови...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Можеби никаде на други места во Келн, навечер и во ноќните часови нема толку луѓе по улиците и кафеаните, колку во овој кварт под мостот на Рајна.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ако не е Рајна, сигурно Келн не би бил толку убав, толку романтичен каков што е со оваа река.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Бојс „долго време бил врзан за областа на долна Рајна и Клеве“, и за некои од тамошните луѓе кои ги сметал за „модели“ и кои без сомнение ја компензирале неговата дистанцираност од родителите, посебно од неговиот оддалечен татко.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Евразија, на пример, лесно може да ги заземе Британските Острови, кои географски се дел од Европа, или, од друга страна, Океанија би можела да ги поттурне своите граници сѐ до Рајна или до Висла.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Притоа, постојано устата му беше полна со маја Рајна, мајо сердце!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не знам од кои причини, ама веројатно постоеле, на Трајчеица ѝ се присторило дека Рајна премногу се загледува во нејзиниот генерал.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Се разбира, јас го немав видено детето подолго време, но кога го изговори Рајна името на Ролан, наеднаш ми светна, знаев дека таа го пронашла одговорот на мојата зачуденост.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Евто ќе земе да ни ја направи столаријата, од ореово дрво, намачкано, светнато, долу черги, ќе ги ткае Рајна.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Рајна плаче врз него.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Рајна гледа во мртвиот Киро. Пауза. Се слуша детски плач.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)