понижува (несв.)

Самата од бедна фамилија, порастена во мало шумадиско место, знаеше за сите тешкотии и понижувања на женските, деца кои немаа можност да добијат стручно образование: да се оспособат за шивачки, плетачки, везилки...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Смешен крај! Треба да го одбегне ова понижување и срам.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Лесно е да седнеш врз запалена бомба и да го распарчиш своето тело, и валијата да остане, да присуствува на моето Глупаво е! Неподносливо е!понижување!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега веројатно ги држеше уште некој поривен отпор против понижувањето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Толе на очи ги измаскари Перета, Тренков и Ацев, а особено неговиот бивш секретар Шаќира што побегнаа од Витолиште; ги потценува и понижува со разни епитети: кокошкари, мазникари, но си ја зеде грижата да не ги даде в раце на потерите и на смртта од глад, та така од една висока точка се постави како нивен заштитник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со тоа го навредуваме оној што сме го дарувале, оној што сме му помогнале. Го понижуваме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Истите лаги, истите лошотилаци, истите понижувања, истите ништожности за да се дојде до подобра карактеристика.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас и сега со сигурност не можам да тврдам кој беше тој црвец што толку многу ги подјаде детските срца, - гладот ли, стравот ли, казните ли, секојдневните понижувања, студот ли, можеби оценката за карактеристика, можеби стројот и тој проклет ѕид, а можеби сѐ заедно, но од сето тоа едно беше јасно како ден, - потскажувањето, кукавичлакот и злобата почнаа да цутат во домот како ран компир.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Која е таа сила, господе, што ја тера на толкаво понижување?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сиот човечки живот ти бил пуштен меѓу стравот и срамот и секој негов систем изграден на неговото понижување. 5.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја кренав главата и им велам: — Вакво понижување не сум доживеала ни в затвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Животот на земјата е понижување, душите бараат слобода во сините височини на ѕвездите; ќе појдат по неа, ќе ги проколнуваат и ќе ги плукаат туѓинците а тие ќе ги сечат со јатагани и ќе ги ослободуваат од печал и патила; сите што ќе останат ќе се растураат по селата и ќе собираат нови литии за предизвикување на смртта - оние што не ќе изгинат од оган и од железо, ќе се фрлаат во длабоки речни вирови, ќе се запалуваат по плевни, ќе се бесат во гроздови на свои јамки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во името на „класната борба” човекот никогаш не бил повеќе понижуван.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Честопати се верува дека пристапувањето кон таквиот модел би значело понижување или на некој начин осиромашување на сопствената слика за себе.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Работата е и во тоа што Пек се понижува заради љубовта кон една жена која е подготвена да го земе секој маж - па дури и собарот. Жената очигледно е нимфоманка.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Одвишно е да се каже дека мамката на сексуално понижување е контраиндикативна за очигледните хомосексуалци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Затоа кон типичните обележја на историскиот фашизам припаѓа апелот кон фрустрираната средна класа, која страда под економска криза или под чувството на политичко понижување и којашто се плаши од притисоците на социјалните групи одоздола.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Многу субјекти се осетливи на сексуални понижувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потоа нема да ви кажувам што сѐ ми се случуваше, како ја преживеав таа канонада од поуки и прекори, тоа понижување од најдолен вид, ако понижувањето може да се класифицира по видови, таа моја наведната глава и зачепена уста што не сторија ама баш ни најмала усилба да ме одбранат, да ја кажат вистината, или барем нејзината најблиска варијанта, да го објаснат оној мој недостиг од желба за постоење, оној мој кусок на нужна препотенција неопходна за живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие го претставуваат неговиот неуспешен обид да се издигне над општествените, културни и политички прилики коишто секогаш одново го осакатуваат и понижуваат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Повеќе