понижи (св.)
Лицето ѝ гореше, гласот ѝ беше туѓ. „Ти не веруваш дека човека може нешто да го понижи.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тие, Акиноските, горди и довечерашни лути непријатели на Турците, многумина нивни блиски соплеменици паднаа во боевите против турските завојувања на Македонија, ниту не можеа да помислат на исламизирање; беа длабоко уверени дека единствено е добра и исправна верата христова и силно ѝ беа предани нејзе, а Лажниот Мустафа, пак, за сѐ добро известен, како да негуваше одредена почит за нив, како да не сакаше да ги понижи повеќе од што беа понижени со самиот факт што тој, туѓинец, господари со нив, довчерашни византиски господа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ова љубовна историја, која ги поруга и ги понижи Јанческите, во Потковицата никогаш не се споменува без насушна потреба.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првин му беше наредено да каже кај ги сокрил парите што ги собрал божем за ѕидање црква; Кај мене се, бргу, рече: извади од пазувите едно кожено кесе и му го тутна в нозе на Ибрахим бег Јаузоски; Сите земи ги, бегу, викаше, само не оставај да ме понижат ајдутиве.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Отвори ги ноќвите, растури ги! Земи јавај коњи и магариња. Испоти ги! Понижи ги!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Во својата очаеност, понижена или посрамена, сеедно, Фиданка Кукникова го понижила и го посрамила - топлината на нејзиното месо сѐ уште му ја морничавела младата кожа...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако толку понижиме некое животно што тоа за нас да стане вештачки создаден производ, некаков вид биохемиски комплекс - а неговото месо и органи, само мек, или жилав, или тврд материјал во нашите усти, со одреден вкус а можеби и мирис - тогаш, во таа смисла позитивистички да се опише животно, значи паѓање под секое ниво, понижување на самото битие.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ги обедини надежите на сите поробени, понижени, запоставени, исклучени, отфрлени.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мораш да се понижиш себеси, пред да можеш да станеш нормален.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Му удираа шлаканици, му ги сучеа ушите, го кубеа за коси, го тераа да стои на една нога, не му даваа да оди на мокрење, му вперуваа жестока светлина во лицето сѐ додека од очите не му потечеа потоци солзи; но целта на сето тоа беше просто да го понижат и да му ја уништат моќта на докажување и на размислување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Значи, Луција му ја дала песнарката откако ја понижив; тоа можеби значеше дека Луција немаше да им ја даде, доколку јас не го сторев она што го сторив на кејот, и дека таа им ја дала сега затоа што ме сака, односно затоа што ме мрази, а ме мрази затоа што јас не ѝ дозволив да ме сака.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Двапати се прошетав по корзото (беше преполно; млади парови се држеа за рака и се бакнуваа); сето тоа ме вжешти, ме доведе до една ситуација на бескрајна тага и копнеж; но јас веќе на Луција не гледав како на онаа Луција што ја знаев и каква што ја замислував, туку гледав како на курвата Луција, што подразбираше и извесна доза на желба за изживување врз неа; сакав да ја повредам, веќе не душевно, туку и телесно; сакав да ја доведам до солзи, да ѝ направам модринки, да ја понижам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тоа траеше можеби половина час, можеби и час; времето не ми значеше ништо и јас ја гледав таа жена, чисто тело, за мене непозната душа, ја гледав со каква студена страст го прави тоа што го прави, како се подвигува, како се извишува сама од себе и помислив: „Којзнае колку била несреќна надвор, и којзнае како и колку ја понижил некој маж, штом може ова да го прави!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дали мотивите на селаните да ја осуетат Симоновата помош, да ја одбијат подадената рака и на крајот да го понижат, се провоцирани од инстинктивната самоодбрана од натрапникот, од препознавањето на помошта како подлост насочена само кон лична полза, од одбивањето на услугата за со услуга да не мора да се плати или да се остане должен?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сите, најмногу го почитувавме Борис Сарафов за оној гест што тој го стори пред конгресот на Врховниот комитет, кога му побараа отчет и тој не можеше да даде таков за сумата дадена на гемиџиите и, за да не пропадне делото ако тој ја каже вистината и неа ја разбере турската влада, Борис Сарафов го понижи своето достоинство и авторитет и изјави: „Таа сума ми беше дигната од една лесна жена, со која имав интимни врски“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Револтирани од тоа, тие решиле да ја дадат на Судот споменатата изјава што требала не само да го демантира тврдењето за предавство на гемиџиите, туку и да го понижи и деградира Гарванова како револуционер.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Посакував да ја понижам а всушност ја бев открил и промовирал нејзината посебност.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Избран ли е наврапито, избран ли е со некаква злоба меѓу толкумина други, или пак со него валијата, сметајќи го за слабак, одново си поигрува ликувајќи, за да му каже кој е заправо тој, не она што мисли, па да го понижи, и да го примора уште еднаш на покорност и спремност да биде благодарен на сѐ?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Згора на сѐ таа е и дисциплински казнета, за наводно непочитување наредба од претпоставен, со парична казна наместо отказ. 4 Целта на новата директорка, според зборовите на Билјана, беше да ја понижи и омаловажи, бидејќи кон неа таа манифестираше и „изразена нетрпеливост“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)