под (м.)

Надојдоа жени; од подот го кренаа тие нејното немоќно тело, и почна со студена водица некој да трие Недино високо чело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
На подот рогузина. На десниот ѕид долапче со чинии, под него стар ковчег. Неколку триножни столчиња. Бедно, но чисто.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ТЕОДОС: (Тргнал по Кева, се загледува во подот, се наведнува и дигнува мала сламка од метла.) Ете како чистат!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Подот е послан со рогузи и стари истраени ќилими, а под камарите сѐ до вратата, поредени се перници полнети со слама.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ако си ага и имаш пари, имаш власт- сила, можеш да заграбуваш ниви, лозја... та треба ли и сѐ што е убаво да биде твое—и девојките?! (Го фаќа за гуша и го оборува на подот, потоа го вади пиштолот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Подот е послан со килим, а покрај огништето има и кожа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Со газијарниче в рака, клисарот стрико Мијале, мало и бело старче, го метеше камениот под.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Под тежината на нејзините чекори подот непријатно закрца. Како да се распаѓаше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Потоа плукна на црниот под од каросеријата, ја размачка плунката со босата нога и продолжи благо: - Арсланчиња, имам книга.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
По крцкањето на сувиот под, кловнот знае кај оди другиот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Вечно полупразни перони во долго очекување на една трошка радост и сива карпа од страв пред пристигањето на едно умирање Рамни мермерни подови што го мазнат лавиринтот од изгубените стапалки пред едно вечно чекање што сака никогаш да не дојдат возовите со мала кратка радост штом можат да донесат едно крајно умирање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Одеше по собата и ги слушаше своите изгаснати чекори, крцкањето на подот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нејзината светлост се провлече низ решетките на прозорецот, падна преку црната маса и простирајќи се по подот, се обиде да се прпне преку вратата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зад челична мрежа, најверојатно за да ги заштитат од мене, седат во ист ред сведоците: ученичката во црн сатен, онаа танка скоро проѕирна жена што бездруго ќе се откажува од мене колнејќи се дека сме биле во брак, оној што еднаш го сечев под струјомерот (сиот е во превивки и под долги фластери), оној друг што остана да лежи со крваво теме во царството на пауните и тревите, двајца што еднаш ја откопуваа од подот Неговата слика.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Две патерици на бетонскиот под... Многу свеќи и многу шепоти. Воскресение.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Гледаше како агентот се занишува, како паѓа и како уште долго гребе со ноктите по подот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Долгите кловновски чевли бијат по дрвениот под како по барабан.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Липаа потајно сите, плакаа и околу полноќ испозаспаа врз подот како прасиња еднододруго.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Залетаа черчевината, иконите, кандилата. Почнаа и плочите од подот да ги вадат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Децата спиштеа, жените затажија, изналегнаа на подот ничкум, чекајќи да им ги пресечат главите со исуканите јатагани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе