партизан (м.)

Минале години... дружина водел и Парапунов партизан смел, Вапцаров в песни те славел, Пирин, од бојни песни венец ти сплел.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Тија ми се сите партизани, еве веќе време три години откако се борат за слобода.“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Јас го видов твојто момче, на средсело кај чешмата, кај чешмата со дружина, со дружина партизани.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Мојто прво либе партизан отиде три години време низ Македонија.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Потоа почнуваат чудата - Борис излегол партизан, син му на Елисие, долгоногиот Мино, му ја запалил куќата и отишол во четниците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во тоа време, козјачките селани, иако единствени против окупаторот, се двоумеа, не можеа да погодат: на чија страна да бидат - со голобрадите партизани или со кралските војници на Михаиловиќ, кои во името господово и кралско, со секое минување низ Пелинце оставаа зад себе пустош.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа со шепот се ведне кон седнатиот партизан, како да ја чува тајната на своето прашање: - А ти, синко, од овчарите ли си?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Откога дојдоа партизаните. Тогаш се пресели овде со синот. Се затвори меѓу ѕидовите, во одаите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тогаш одеа партизани многу млади и понекои постари луѓе. Одеа од по сите села.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наеднаш го снема. Го немаше цела една пролет; дури од ненадеж не се расчу дека заминал со партизаните.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Партизанот што стоеше до него, преведе: - Другар командант, јавуваат од Бари* дека авионите тргнале!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Среде, на една лединка, беа наседнати партизаните.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тројцата партизани, облечени во германска униформа, со шмајзери во рацете, се спуштија надолу низ буковата корија кон друмот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Партизаните... - Партизаните никогаш не се качувале по вакви карпи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Така, готово е. И полоши ги правевме во партизани.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Војска - џган. Дошле и во нашата колиба да бараат заостанати, болни и ранети партизани.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во вашите населби, во селата и градовите има споменици на загинати партизани, борци за слобода, има обележја на важни настани од нашата борба.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Една вечер додека надвор врнеше, во една соба, покрај распаленото ќумбе, неколцина партизани шиеја знамиња.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сѐ уште одеше во војничка униформа, со титовка и црвена петокрака. Го викаа стариот партизан.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повеќе