партизански (прид.)
Откако биле заземени градовите, Бурите ја продолжиле борбата со партизанско војување. Дури на 1.7.1902 год. Англија ги присилила Бурите да потпишат мир и како автономни републики да влезат во Британската Империја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Облекла Стојна руба партизанска, отишла Стојна во гора зелена: „Горо ле горо, горо зелена, горо зелена, шумо бујата, чуваш ли брата, брата Јована?“
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Другиот прифатува: - И кажи му на кметот од нашето село да не се грижи за нас оти знаеме ни пцуел мајка партизанска и потскажувал па Тодора и Јована ги тепале ги ставиле во окови а со нив и мојот старец прашај ги твоите војничиња мајмунчиња како ги дочекавме на Момино Брдо и како бегаа од нас...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Нацртај партизанска ѕвезда. Како штамбил. - Готово? - Готово.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Коле Чашуле бил член на комунистичката партизанска група која го кренала македонското востание против бугарскиот фашистички окупатор на 11 октомври 1941 година во неговиот роден град Прилеп.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Низ нивното село поминуваа партизански единици. Заедно со повеќе мажи од селото во една од нив отиде и Змејко.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега веќе во вагоните не влегуваат војници во германска облека, туку во партизанска.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Повеќето партизани - почна да објаснува Горјан - имаат други имиња, партизански.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Тоа беше смртоносната авионска партизанска тројка, која крстосуваше над друмовите каде што врвеа германски колони.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Моето село во тие денови беше важен партизански центар.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Како партизанскиот хор што пееше во нашето село.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Без сватови, со штогоде музика, партизанска, и против волјата на родителите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Една група борци се отцепија од ЕЛАС и се придружија кон партизанските единици од Вардарска Македонија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ние сме голи, што се вели, уште само со летната партизанска облека на нас.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во хорот ги пеевме најмногу химните, српската, нашата македонска, руската и албанската, ја пеевме и Марсељезата, и други партизански песни.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Меѓутоа таа, во тој период, немала точни известувања за обемот и природата на партизанскиот отпор.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во текот на месец јуни 1944 година Третата македонска ударна бригада и Кумановскиот партизански одред во текот на јуни 1944 година извршиле напад на комуникацијата Куманово-Крива Паланка.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Од своја страна ГШ на НОВ и ПО на Македонија не поведе британска воена мисија бидејќи на територијата на Куманово-Врање-Црна Трава постоела посебна британска воена мисија Mulligatawny која заминала уште во есента на 1943 година од Дебарца со Шарпланинскиот партизански одред.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Оној, што ви ги пее на приредбите партизанските песни.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тоа нему му беше партизанското име.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)