папагал м.
папагалски прид.

папагал (м.)

И ви, гиздави момчета, Б'лгарчета градски, г'лтате ви думи, исто папагали, а не гледате как баба врели с'зли лиет.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите, златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А на секое дрво околу нас седеа на гранките мајмуни и крескаа шарени папагали.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Но знам дека сум како бивол без рогови, папагал без крилја, слон без сурла.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Молчев со наведната глава и се чувствував како виновник - можеби нацртав лоша сенка. - Како папагал без крилја...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Пошаренолик пазар ретко може да се замисли: тезга со гингуви, ѕидишта со килими, потоа расфрлени комбинезони, потаму папагали, па папуџии, до нив калајџии и бакарџии...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- На папагалите Гањо, под рака, Македонија ја води на дупење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Куќата нејзина исполнета беше со кафези од секакви птици: канаринци, папагали, жолњи, билбили, колибри, сипки, кралчиња, чучулиги.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите и златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во овој случај, значи, е избегната можноста пациентката како папагал да ги повторува моите зборови.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Двоглавиот Јанус чита некој стрип, задлабочен, фигури слични на нив седат во цвеќарница, куче, папагал, змија, сквики, интересно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
за кучето кое од мирно седење почнува да повраќа, за папагалот розела кој умираше од глад додека некој не му го потсече клунот, за моите болести и абортуси - за сето тоа бев надлежна јас, јас сум била тип жена сопруга, тој просто ме препознал во таа квалификациона група што ја предвидувала некоја научна студија за типови на жени...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од возбуденост дома бараше - маче, кутре, папагал, канаринче, верверичка, морско глувче, желка - сѐ што видела таму - дури и спитомена страчка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сите овие тројца се папагали, кои, чувствував дека ќе се налутам, имитирајќи некој илузорен канаринец, кој всушност никаде го нема!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога отвори, Ѓорѓија беше толку збунет што само се насмевна и како папагал го изрецитира текстот што го беше вежбал претходно: ѝ рече дека тој е соседот отспротива, дека испекол колачи и дека сакал да ѝ ги даде да ги проба, ете, како на нова сосетка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не ми се верува дека и сега е така во Македонија Ако има божја правда не би требало да е така Зошто инаку би ми кажувале сите дека Македонија Е европска земја во изградба А самите Македонци едно време далдисани Од братството и единството и затрчани по ударнички значки Самите Македонци значи велеа Дека додека трае обновата и изградбата нема одмор А богами начув дека и во последно време Чекореле преродебенички и надградено Иако не разбирам баш точно што е тоа вели Папата Сепак верувам дека еден ден ќе здивне и тој народ Иако никогаш не си начисто со народите чиишто водачи Немаат поумна работа па катаден повторуваат Дека имаат библиски корени Бетер се од папагалите какаду некои водачи на Македонците На кои јазиците им се одамна отечени од извикување празни пароли Ако продолжат така на некои водачи на Македонците Можеби ќе им паралдисаат и очите Од непрестајно гледање во огледалцето од приказните Коешто вешто ја мамело грдата сопственичка Дека најубава на светот е баш таа Така непредвидено ни скршна муабетот со Папата На македонски теми а јас не му кажав ништо за тоа Ни а ни б не реков иако од порано бев чул во близина Некои доселеници како на глас викаат Македонија на Македонците Викаа нешто и за земјата на земјоделците Од што разбрав дека Македонија е земјоделска земја Викаа нешто и за Солун дека бил нивни Ама едни други доселеници викаа уште понаглас
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Нагонската гадливост од психотични контакти поскоро ме доближуваше до едноставноста на животните отколку до луѓето, па заклучив дека можам слободно да бидам крава, папагал или некое морско домашно милениче во смрдлив аквариум.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Белиот папагал пак едностојно си колва - троа од минатото, троа од иднината, троа остатоци од ѕвездите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Меѓу остатоците од црешите пресадени тука од зад девет мориња белиот папагал понекогаш ќе проголта и некое купче исушени зборови, без јатки.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Забраната беше строга и даваше на знаење дека никој од присутните ергени во кино салата не може да ќари девојка по традиционалниот проверен метод - со помош на книжен фишек наполнет со храна за папагали.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе