папагалски (прид.)
По неговиот прв целосно изведен проект, „Куќата Хундертвасер“ во Виена, интригантниот уметник е „почестен“ со најразлични епитети, меѓу кои и „разубавувач“, „генијален дилетант“, а неговата градба ја нарекоа „Кич- катедрала“, кич- палата“, „папагалска куќа“ итн.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ти и твоите папагалски повторувања на албанските топоними што ти ги рецитираат твоите пријатели, ’борците за човекови права‘!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Колкав им е крвниот притисок и шеќерот На белосветските хуманитарци Кои на зајакот му велат да бега на ловџијата да пука И кои за своите самозададени мисии Папагалски повторуваат дека се мостови меѓу Исток и Запад?
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
- Фала му на светиот дух, не мора повеќе да го слушам она папагалско повторување veni, vidi - vici ... кое ни мене не ми доликува - повторно помисли Мо.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Поради тоа, треба да се внимава како се зборува, треба да се вардиме од папагалски повторувања, а посебно треба да се внимава на потпалувањето на хистеријата“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)