пагур (м.)
Најинтересни беа жените; боже, велеа луѓето, највесело од сѐ било - да гледаш жени пијани; пиеја од котлињата, мавтаа со чашките и пагурите и викаа, пискаа: Ихуууу!
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ракија, од пагури, мажите пиеја и пред и по вечера.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Докторот Татули држејќи го босачето од пагурот допрено до усната, го праша: - Колку пари беа? - Сто милиони лири. - Сто милиони? - Сто...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
- На питачки стап ме дотера... - зафати да трга сѐ посилно на пагурот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
- Ах, мама мија, што си направил тоа, човеку... - цврцна од пагурот за да се успокои од возбудата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)