пагурче ср.

пагурче (ср.)

РАЈНА: (Донесува пагурче со ракија и му го подава на Јордан). На!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Се знаеме. На, цврцни си на нога! (Му го подава пагурчето).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
РАЈНА: Повели, стрико Кољо. (Ги става пиперките пред него и му го подава пагурчето).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ФРОСА: (го остава пагурчето). Здрави да сте ми и живи!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: (пие од пагурчето и му го подава, преку огништето, на Котета). Земи, Коте, напи се. Ние забораваме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: Здрами си, Коте!... Пак за добро идење и за радост да ми идете. (Пие и му го подава пагурчето на Колета).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Дедот Петко тргна од пагурчето, Митра напече месо, извади и сирење, море и некоја колбаса пресече во тукот. Јатрва дочекува, не е шега работа!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ајде боже, поможи", ми рече тој, тргна од пагурчето и го пробуцка лулето што беше се угасило дури го слушаше Ристета, па му вели: — А бре, така си е, Ристе сето шо го велиш, токо кога ќе заслепее човек, нишчо не му се гледа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Невестата Менка донесе пагурче со ракија и во едно ваганче сирење и пак си отиде некаде по нејзина работа ... — Та, така Петко, а? — Започна пак Карабуклијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трајко седна на чело на трпезата, го прифати пагурчето од Велика, ја симна капата, се прекрсти и им се заблагодари на другарите и на господа што му го спасија грабнатото чедо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Оној со нарамникот од преплатата на џелатката извади паурче ракија и ги понуди да ѕврцнат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Ја, - присторе и го крена пагурчето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јон зел паурче ракија и излегол на чардакот. Пие ракија и вика, развикува. Сите да чујат. Да ме гледаат. Нетокму човек, извртен наопаку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ме шетаат ко пагурче по трпеза.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Сполај му- рече Петре и го зеде пагурчето, а мене ми рече: - Ајде, помогни му на Килета и да си одите. Муабет нешто имаме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сигурно и старите ќе заиграат откако под тремот неколку пати ќе завртат пагурчиња со ракија и каленици со вино.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Повела да имаш, синко, - ќе речеше дедо ми, земајќи го пагурчето со ракија.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- И од пред мене, - вели баба ми, а малку понатаму седи дедо ми крснозе, пред него мезе и пагурчето со ракија, пуши на луле од кочанка и го сука мустаќот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Така, секоја приквечерина, откако ќе си починеше дома по скитањето в град, тој го преполуваше пагурчето - седнат на мало столче под стреата пред влезот и загледан во градбите што растеа како тополи околу нив.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ќе отпиеше од пагурчето, ќе ја подзабришеше устата Ване и ќе почнеше: - Џанам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе